Јавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри
Во Собранието денеска Комисијата за финансирање и буџет се очекува да донесе одлука за одржување на јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. Законот се носи во редовна постапка. По јавната расправа ќе следува доставување амандмани односно второто читање на Предлог законот, по што треба да следува финално гласање од страна на пленумот.