Товарно возило излетало од патот кај Ореовец, загина 58-годишен возач од Битола


Вчера, во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот.  Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија


 Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. -Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето […]

Невреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон


Повеќе од 600 летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон доцнеа денеска, а десетици се откажани поради невреме проследено со грмотевици, што следеа по топлотниот бран. Британската служба за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека се очекува прекините во воздушниот сообраќај да траат до крајот на денот, објави Би-Би-Си. Според FlightAware, досега најмалку 367 […]

Потврден случај на денга треска во Македонија кај 42-годишен маж од Бангладеш


Фадил Цана, директорот на Клиниката за инфективни болести денеска информираше дека во Македонија има еден потврден случај на денга треска. Станува збор за 42-годишен маж од Бангладеш кој допатувал во Македонија на работа. Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје. Заболениот е […]

Суспендиран ЕЕС системот на „Евзони“ за да поминат Србите


Српските патници кои пристигнаа на граничниот премин Евзони рано утрово доживеаја неочекуван пресврт на настаните кога, поради големите толпи и долгите редици предизвикани од новиот EES систем на ЕУ, неговата примена беше привремено суспендирана. Србите кои пристигнаа на Евзони со автобус утрово околу 3 часот, пред зори, останаа во шок. Пред нив имаше уште најмалку […]

Монументалниот витраж „Подем“ на Борко Лазески ќе биде реставриран и поставен на нова локација во септември


Монументалниот витраж „Подем“ на македонскиот уметник Борко Лазески од 1971 година од септември ќе добие нов дом, во новиот објект на „Стопанска банка“, во центарот на Скопје. По соодветна реставрација ќе биде повторно поставен таму, планот е тоа да се реализира во текот на летото, а во септември да се организира и свечено отворање, добила […]

Гостиварец сакал да си купи возачка дозвола – му зеле 1.200 евра, а возачка не добил


На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама“. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра […]

Јанша најави преместување на словенечката амбасада во Ерусалим и укинување на признавањето на палестинската држава


Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави преместување на амбасадата на Словенија од Тел Авив во Ерусалим, обновување на односите со Израел и повлекување на признавањето на палестинската држава, објави словенечката агенција СТА. Во изјава за израелскиот весник „Израел хајом“, Јанша оцени дека признавањето на Палестина од страна на претходната левичарска влада „не е во согласност со […]

Австрија ја поздрави одлуката на ЕУ за исклучување на Украинците на возраст за воена служба од продолжување на привремената заштита


Одлуката на Европската Унија, што ја најави еврокомесарот Магнус Брунер, со која се предвидува украинските државјани на возраст за воена служба да бидат исклучени од планираното продолжување на статусот на привремена заштита, во Австрија беше прифатена со одобрување. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер ја поздрави ваквата одлука. – Од австриска гледна точка, веќе […]

Димитриевски: Oваа Влада, работите првенствено ги враќа на позитивна нула, а потоа ги придвижува напред


До вторник сè ќе се знае, тогаш ќе го имаме конечниот епилог. Многу идеи и опции се на маса, изјави денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во врска со најавената владина рекоснструкција. Тој оцени дека ЗНАМ, иако е нов политички субјект, дава значаен придонес во работата на Владата преку двата ресора со кои раководи, како […]

(Видео) Официјалниот фотограф на фудбалската репрезентација на Сенегал не доби виза за Канада, работеше од хотелска соба во САД


Официјалниот фотограф на фудбалската репрезентација на Сенегал, Сиди Тала, не можеше да патува во Канада поради одбивање на визата, па затоа беше принуден да ја работи својата работа од хотелска соба во САД. Поради административни проблеми, Тала не можеше да присуствува на натпреварот против Ирак на лице место, но продолжи да работи од далечина, следејќи […]

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто


За две години покажавме дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку дека значи извод без шалтер, уверение без губење денови, лиценца што се проверува со QR код, институции што разменуваат податоци меѓу себе, помалку документи и повеќе услуги на едно место, побрза администрација, пголема сајбер безбедност, повеќе дигитални вештини и можности за младите, како и […]

Стојчевски: Под казна ме префрлија на 100 км подалеку од моето работно место


Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Сточјевски, денеска на прес-конференција обвини за класичен партиски реваншизам и притисоци врз младите во институциите. Сточјевски изјави дека лично се соочил со рестриктивни мерки поради неговите јавни политички ставови и критички однос кон извршната власт. „Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи […]

Вардариште интензивно се одгаснува


Со силно темпо се работи на Вардариште! Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека но сигурно заминува во историјата, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во видео-објава на социјалните мрежи.   Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат […]

Германија и Унгарија најтешко погодени од топлинскиот бран


Се очекува најмалку 193 милиони луѓе во Европа, вклучувајќи 75 милиони во Германија, да доживеат температури над 35 степени Целзиусови денес, покажаа пресметките на АФП. Ова е зголемување во однос на вчера, бидејќи топлотниот бран постепено се движи кон североистокот на континентот. Севкупно, се очекува максималните температури да надминат 30°C во областите на Европа каде […]

(Видео) Топлинскиот бран предизвика хаос: Французите се тепаат за вентилатори


Неподносливата тропска жештина што ја погоди Франција предизвика вистинска паника кај населението. Ситуацијата кулминираше во продавниците, каде што клиентите буквално се борат за последните залихи на вентилатори и уреди за ладење, а во Париз се воведени посебни забрани. Вистински хаос беше забележан во хоби пазар недалеку од градот Шамбре-ле-Тур, како што објави порталот Sudouest. Луѓето […]

Од 1 јули само со дозвола може да одите во шума


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето. Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење […]

Србија на +38: Вучиќ поставува шатори и носи знаме од 500 метри, студентите на улици


Србија, со температури околу 38 степени, исто така очекува жежок политички викенд поради два најавени собири – поддржувачите на политиките на претседателот Александар Вучиќ денес ќе се соберат во Белград, а студентското движење ги повика граѓаните на голем протест во Краљево утре, на кој повторно ќе бидат побарани предвремени избори. Центарот на Белград блокиран Поради […]

Детали за иранската одмазда, беспилотни летала нападнаa во Бахреин


Бахреин остро го осуди нападот со беспилотни летала на Иран на негова територија рано утрово, обвинувајќи го официјален Техеран за директно кршење на државниот суверенитет и газење на неодамна постигнатиот Меморандум за разбирање меѓу САД и Иран. Ескалација во Ормускиот Теснец Оваа остра реакција од Манама дојде само неколку часа откако Вашингтон објави дека американските […]

Поради високите температури да се наводнуваат површините


Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како […]