Муртезани и Гелева ќе ги презентираат платформите за нивната работа во амбасадите во НАТО и во Советот на Европа во Стразбур


Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања денеска пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел.   Македонски амбасадор во НАТО претходно беше Дане Талески, кому му престана мандатот […]

Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје


Во кампусот Педагошка вечерва и на 5 јуни во Сули ан, со почеток во 20 часот ќе се одржи 46. Завршна годишна изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности за академската 2025/2026 година. Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни […]

Без струја делови од Бутел


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, […]

Американската војска пресретнала ирански ракети и дронови насочени кон Кувајт и Бахреин


Американската армија соопшти дека во текот на ноќта одбила голем ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала насочени кон цели во регионот на Персискиот Залив. Според американската Централна команда (CENTCOM), американските сили успешно пресретнале повеќе ирански ракети и дронови, а извршиле и одбранбени напади врз цели на островот Кешм, како одговор на обидите за […]

Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 […]

Почнува јубилејниот 25. Оффест – богата програма со учесници од 12 земји, во фокусот континентот Африка


Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка.  Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до […]

Во Собранието седници на комисиите за труд, финансирање и надворешна политика


Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.  Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија […]

Во Кинотека филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од неговото раѓање


Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е […]

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан во Скопје


Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката […]

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“.  На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.   […]

Пронајден најсилен доказ дека на планетите надвор од нашиот систем има магнетно поле


Врз основа на однесувањето на ветровите на седум големи, топли, гасовити егзопланети, астрономите добија најсилни докази досега дека планетите надвор од Сончевиот систем поседуваат магнетни полиња, како Земјата и петте други планети во нашиот Сончев систем. Откритието, засновано на набљудувања од телескопи во Чиле и Хаваи, го продлабочува нашето разбирање за егзопланетите покажувајќи дека барем […]

Битолскиот театар со „Ричард трети“ патува на фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија


Претставата која ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот, „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, ќе биде дел од фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија , каде Народниот театар од Битола ќе настапи на 07.06.2026 […]

ЕЦБ: Меѓународната улога на еврото забележа „умерен“ раст во 2025 година


Меѓународната улога на еврото се зголеми во текот на минатата година, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ) во својот најнов преглед за европската заедничка валута објавен денеска. „Генерално, врз основа на широк спектар на индикатори, меѓународната улога на еврото забележа умерен раст во 2025 година“, се вели во соопштението, при што се додава дека еврото останало […]

Анчелоти: Нема да брзаме со Нејмар


 Нема да брзаме со закрепнувањето на Нејмар, најави денеска селекторот на Бразил. Карло Анчелоти, по пристигнувањето на експедицијата во базата во Њуарк. „Нејмар се чувствува добро, добро напредува, не брзаме“, коментираше Анчелоти за состојбата на повредата на листот на Нејмар. Анчелоти рече дека Нејмар ќе биде подготвен за „првиот или вториот“ натпревар во Групата Ц, […]

СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат за ЕУ


СДСМ реагираше веднаш на прес конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет  оценувајќи дека Антонио Кошта  директно му порачал на премиерот дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ.   „Ништо повеќе. Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад. Мицкоски […]

Дел од Ѓорче Петров без вода


Поради дефект на ул. „Ѓорче Петров“ бб до „Вардар Мебел“ во населба Ѓорче Петров, без вода од 19:15 часот се корисниците од ул. „Ѓорче Петров“, „Алексо Демниевски“, „Браќа Чакреви“, „Никола Пушкаров“, „Смољане“, „Јосиф Ковач“ и „Мечкин Камен“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Македонија останува меѓу најлошо рангираните земји за гаранција на работничките права


Северна Македонија се наоѓа во четвртата категорија од пет можни на Глобалниот индекс на права на работниците на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), што ја вбројува меѓу земјите со систематско прекршување на работничките права. На ваквото рангирање денеска реагираше Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), оценувајќи дека извештајот бележи дополнително влошување на состојбата со синдикалните […]

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп


Фудбалската федерација на Норвешка (НФФ) побара денеска од Етичкиот комитет на ФИФА да го истражи доделувањето на Наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп што му беше врачена од првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино. Претседателот на ФИФА, Инфантино, му ја врачи на Трамп инаугуративната Награда за мир на 6 декември лани, за […]

Кошта: Тоа што е договорено треба да се испорача, ништо повеќе!


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок со премиерот Христијан Мицкоски jа зацементира политиката на ЕУ за нашата држава порачувајќи дека – усвојувањето на договорените уставни измени останува „единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори“ со Европската Унија. „Како што кажав и пред една година: Она што е договорено, е договорено. И, […]

Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра, за 100-годишнината на ИЈЗ за еден час се потрошиле 50.000 евра


Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако […]