Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“. 

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.  

Преку сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации, авторите ја истражуваат врската меѓу историската меморија и современиот уметнички израз, отворајќи дијалог со духовното и културното наследство на Светите Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост.

Според организаторите, изложбата нуди современо читање на културното наследство, претставувајќи го не како статичен историски артефакт, туку како жива духовна и визуелна структура што продолжува да комуницира со современиот контекст.

Изложбата беше отворена на 27 мај, а ќе биде поставена до 16 јуни, со поддршка на македонската Амбасада во Братислава и Министерството за култура и туризам.