СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат за ЕУ


СДСМ реагираше веднаш на прес конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет  оценувајќи дека Антонио Кошта  директно му порачал на премиерот дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ.
 
„Ништо повеќе. Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад.
Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните.ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – уставни измени, внесување на малцинствата во Уставот. Сè друго беше лага и одвлекување на вниманието. Распишете референдум веднаш!Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат европска иднина или изолација и криминал“, стои во реакцијата на СДСМ. 
 
Инаку Кошта запрашан за тоа дали треба да се организира кај нас референдум за ЕУ (како што бара СДСМ) рече дека тоа не е прашање на кое тој треба да одговара посочувајќи го како вистинска адреса премиерот Христијан Мицкоски.