Муртезани и Гелева ќе ги презентираат платформите за нивната работа во амбасадите во НАТО и во Советот на Европа во Стразбур


Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања денеска пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел.  

Македонски амбасадор во НАТО претходно беше Дане Талески, кому му престана мандатот во јануари 2025 година.

Членовите на Комисијата својата платформа за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур ќе ја презентира Светлана Гелева.