Американската војска уби тројца во напад врз сомнителен брод за дрога во Пацификот


Американската војска повторно нападна сомнителен брод за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при што загинаа тројца мажи во операција вчера, објави регионалната команда на интернет. „Разузнавањето потврди дека бродот транзитирал по познати рути за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, напиша Јужната команда на […]

Шпанија дозволи влез на крузерот со случаи на хантавирус во Канарските Острови


Шпанија му дозволи на крузерот погоден од случаи на хантавирус и три смртни случаи да се закотви на Канарските Острови, додека здравствените власти истражуваат дали на бродот се случило пренесување од човек на човек. Одлуката е донесена во координација со Светската здравствена организација (СЗО) и Европската Унија, во согласност со меѓународното право и хуманитарните принципи, […]

Македонска промоција на двата најнови албума на Влатко Стефановски


Овој четврток, на 7 мај,  во 12 часот, во хотелот Holiday Inn во Скопје, легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings (инструментален албум) и Muscle Memory (нов студиски албум), во организација на дискографската куќа Croatia Records. Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на […]

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе останат делови од Шуто Оризари и Кисела Вода.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Пелагонија, Брсјачка Буна и Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Јустиниjан […]

САД и сојузниците од Заливот подготвија резолуција на ОН за безбедност на пловидбата во Ормуз


САД и сојузничките држави од Заливот подготвија нацрт-резолуција на Обединетите нации насочена кон заштита на пловидбата во Ормуската Теснина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Нацртот го повикува Техеран да престане со нападите врз пловилата, поставувањето морски мини и наплатата на такси за транзит низ тесниот воден пат, според Рубио. Во подготовката на предлогот учествуваа […]

Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“ (Project Freedom), иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран. Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја […]

Проекција на филм за Марија Шнајдер на „Кино средби” во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Кинотека ги организираат месечните „Кино средби” на кои ќе бидат прикажани современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби денеска продолжуваат со проекцијата на „Марија” (2024), од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо, во Кинотека. Во „Марија”, Жесика Пали раскажува за […]

Трета регионална конференција на сметководители


Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, денеска во Скопје ќе се одржи Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители. Како што е најавено, конференцијата ќе обедини над 1.000 учесници од земјава и регионот, претставници на институции, професионални организации, академската заедница и деловниот сектор, а поздравни обраќања ќе имаат министерот за дигитална […]

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“


Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“. Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен […]

Лејкерси немоќни против Оклахома Сити


  Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер убедливо ја отворија полуфиналната серија од НБА плејофот на Западната конференција, победувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 108:90 на домашен терен. Херој на натпреварот одигран во среда навечер беше Чет Холмгрен со 24 поени и 12 скока. Одлична поддршка за Холмгрен му дадоа Шаи Гилџус-Александар и Аџај Мичел, двајцата […]

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството


Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на […]

Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје денеска и официјално ќе го означи почетокот на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market). На настанот по овој повод, најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Поздравни обраќања ќе имаат и генералниот директор […]

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија


Според судските записи, се очекува мажот обвинет за убиство на 15 лица во терористички напад на настанот за Ханука на плажата Бонди во Австралија да се соочи со нови обвиненија. Навид Акрам, 24, и неговиот татко, Саџид, наводно отвориле оган на собирот за еврејскиот празник во паркот Арчер во Сиднеј на 14 декември. Таткото бил […]

Лавовска битка во Лондон: Арсенал прв финалист во Лигата на шампиони


Лондонски Арсенал е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони, откако вечерва на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 и со вкупен резултат од 2-1 го елиминираше во полуфиналето шпанскиот клуб. До своето второ финале во клупската историја во елитното натпреварување, Арсенал дојде со голот на Букајо Сака во 44 минута. Арсенал во […]

Славниот Џон Малкович доби хрватско државјанство


  На славниот американски актер кој има хрватски корени, Џон Малкович, денеска му е врачено решението за хрватско државјанство. Ова го објави на социјалните мрежи хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ. „Денес, на кратка, но важна церемонија, му го врачивме решението за хрватско државјанство на Џон Малкович. Светски познатиот актер, кој ја обележа кинематографијата […]

Вардар го победи Монпеље, но недоволно за Ф4 во Европската лига


Ракометарите на Вардар 1961 со победа го завршија настапот на европската сцена, но триумфот вечерва од 27-24 над Монпеље во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Лига Европа, сепак, беше недоволен да ја надоместат негативата од десет голови и да се пласираат на завршниот турнир. Вардар одигра маестрални 40. минути пред своите гледачи, надополни седум голови […]

Трамп ќе ја посети Грција ова лето


АТИНА — Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе ја посети Грција, изјави во вторник амбасадорката на САД во Атина, Кимберли Гилфојл. На прашањето дали посетата на Трамп ќе се одржи во текот на летото, таа рече: „Па, не можам да ви го дадам точниот датум, се случуваат многу работи, но тој ќе дојде во Грција“. […]

Сензација во пинг-понгот: Кина загуби по 26 години


Јужнокорејската машка репрезентација во пинг-понг ја победи Кина во тимско натпреварување за прв пат по 31 година во меѓусебните натпревари. Јужна Кореја ги победи светските шампиони Кина со 3-1 на Светското тимско првенство во Лондон во неделата. Со ова заврши неверојатната серија на Кина, која беше непоразена на светските тимски првенства од 2000 година. Тие […]

Иран воведува нов механизам за транзит низ Ормускиот теснец


Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, јавија иранските медиуми. За новиот механизам формирано е ново тело наречено Управа на Персиски Залив (Persian Gulf Strait Authority). Сите пловни објекти кои планираат да поминат низ Ормуска Теснина ќе добијат електронска порака од Управата на Персиски Залив, во која ќе бидат наведени […]