Американската војска уби тројца во напад врз сомнителен брод за дрога во Пацификот


Американската војска повторно нападна сомнителен брод за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при што загинаа тројца мажи во операција вчера, објави регионалната команда на интернет.

„Разузнавањето потврди дека бродот транзитирал по познати рути за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, напиша Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата на социјалните медиуми „X“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги таргетира бродовите во Карибите и источниот Пацифик од септември, велејќи дека операциите имаат за цел да ја ограничат меѓународната трговија со дрога.

Критичарите се прашуваат дали смртоносните напади во меѓународни води се дозволени според меѓународното право.