Лавовска битка во Лондон: Арсенал прв финалист во Лигата на шампиони
Лондонски Арсенал е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони, откако вечерва на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 и со вкупен резултат од 2-1 го елиминираше во полуфиналето шпанскиот клуб.
До своето второ финале во клупската историја во елитното натпреварување, Арсенал дојде со голот на Букајо Сака во 44 минута.
Арсенал во финалето ќе игра против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Баерн и ПСЖ. Реваншот ќе се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен в среда со почеток во 21 часот, а во првиот дуел, бранителот на титулата ПСЖ победи со 5-4 во Париз.
Во своето прво финале во Лигата на шампиони, лондонскиот тим беше поразен во 2006 година од Барселона.
Мадридски Атлетико, пак, остана на своите три финалиња во кои три пати загубија.