Аргентинецот Фабијани нов тренер на Вардар


Македонскиот фудбалски шампион Вардар и официјално го назначи Кристијан Фабијани за нив тренер. 

– Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво.

Пред нас е нова ера и нов предизвик.

Да почнеме заедно. Добредојде, тренеру! – објави Вардар на социјалните мрежи.

Аргентинецот во Вардар ќе го наследи Гоце Седлоски кој сега целосно се насочува кон обврските во македонската репрезентација.

Четириесет и двегодишниот Фабијани има водено неколку екипи во Аргентина.