Порталот 24Ракомет ги избра најдобрите за сезоната 2025/26


Спортскиот портал „24Ракомет“ ги избра најдобрите во македонската машка и женска лига. 

Во идеалниот состав на машката лига се најдоа: 
лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер)
лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
среден бек: Јака Малус (Вардар)
десен бек: Урош Митровиќ (Вардар)
десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид)
пивот: Милан Лазаревски (Вардар)
голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид)
дефанзивец: Ориол Реј Моралес (Охрид)
млад ракометар: Димитар Узунчев (Бутел Скопје)
тренер: Иван Чупиќ (Вардар).

Женскиот идеален тим го сочинуваат:
лево крило: Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров)
лев бек: Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров)
среден бек: Габриела Величковска (Чаир)
десен бек: Теодора Дукоска (Ѓорче Петров)
десно крило: Марија Гугуљанова (Ѓорче Петров)
пивот: Сара Цветановска (Спартак)
дефанзивец: Александра Коловска (Чаир)
млада ракометарка: Таида Беровиќ (Вардар)
тренер: Александар Царчев (Ѓорче Петров).

24Ракомет започна еден нов проект за македонскиот ракомет – „Куќа на славните“. Проектот има цел да им оддаде признание на најголемите имиња и да остави траен белег за сите оние кои со својата работа, игра, визија, посветеност и резултати го граделе македонскиот ракомет.

Првата генерација, „Класа 2026“ кои влегуваат во „Куќата на славните“ се: Кирил Лазаров, Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Владимир Радиќ, Ванчо Јовановски, Лефтер Бошковски – постхумно, Славе Атанасовски Чаве – постхумно, Трифун Костовски, Силјан Мицевски – постхумно и Михајло Михајловски.