Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе останат делови од Шуто Оризари и Кисела Вода. 

Според информациите од ЕВН Македонија, од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Пелагонија, Брсјачка Буна и Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Јустиниjан Први“ во населбата Драчево.