Стразбур пресече: Георгиевски и Бошкова ги исполнуваат условите за судија, Апостолски – не


Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека државата соодветно ја спровела процедурата за избор на судија за Стразбур, но и дека еден од тројцата утврдени кандидати не ги исполнувал условите. „360 степени“ дознава дека станува збор за адвокатот Јордан Апостолски. Од Владата потврдија дека е добиено мислење од експертскиот панел при Советот […]

Франција добива нов гувернер: аналитичарите укажуваат на политичката димензија на одлуката


Оваа недела, претседателот на Франција, Емануел Макрон, официјално го номинираше Емануел Мулин за нов гувернер на Банката на Франција, со што се иницираше последниот чекор во процесот на замена на Франсоа Вилру де Гало, кој се сели на нова позиција во фондацијата „Apprentis d’Auteuil“ на почетокот на јуни. Француските медиуми претежно ја претставуваат оваа одлука […]

ЕУ воведува лимит за готовински купувања, ограничување до 10.000 евра


Примената на одлуката на Европската Унија (ЕУ) со која се ограничуваат готовинските плаќања на износ до 10.000 евра ќе започне во јули 2027 година. Оваа одлука беше донесена во 2024 година како дел од пакет мерки за борба против перење пари и е дел од Регулативата 2024/1624. Ограничувањето од 10.000 евра се однесува на плаќања […]

„Бионтек“ отпушта 1.860 работници и затвора фабрики


„Бионтек“ (BioNTech), со седиште во Мајнц, заработи милијарди за време на пандемијата благодарение на своите вакцини. Сега истражува лекови за рак и други болести. Ова е скапо и има последици. BioNTech планира да затвори неколку фабрики и да отпушти 1.860 работници. Компанијата ги објасни намалувањата велејќи дека има поголем производствен капацитет отколку што е потребен, […]

Породилно отсуство до 12 месеци? ФЗОМ најавува можни системски измени


Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ја анализира можноста породилното отсуство да се продолжи на 12 месеци, како дел од поширока проценка на системот за боледувања и породилни права. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, посочува дека процесот е сè уште во фаза на анализа и дека клучно ќе биде да се утврдат и финансиските импликации, како […]

Рекордни 1,33 милиони луѓе се пријавија на Лондонскиот маратон 2027


 Рекордни 1,33 милиони луѓе се пријавиле за учество на Лондонскиот маратон во 2027 година, кој ќе се одржи на 25 април, со што е соборен претходниот рекорд поставен на овогодишното издание. Како што соопштија денеска организаторите, аплицирале вкупно 1.338.544 луѓе од целиот свет, во споредба со 1.133.813 минатата година, што е зголемување од 18%. „Овој […]

Завршени експропријациите – мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во употреба


Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, соопшти денеска […]

Турската воена индустрија го шокираше светот: Претставија домашна интерконтинентална ракета со дострел од 6.000 километри


  Турското Министерство за национална одбрана ја претстави првата домашна интерконтинентална балистичка ракета Yildirimhan на саемот SAHA 2026 во Истанбул. Станува збор за првата интерконтинентална балистичка ракета што беше јавно прикажана во Турција. Системот е развиен од страна на истражувачкиот и развоен центар на Министерството за одбрана, а презентацијата се одржа на Меѓународниот саем за […]

Родителите на загинатите од Пулс: Системот сам се штити, условни пресуди за системски пропусти со фатални последици


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира на изречените условни казни за злоупотреба на службена должност, посочувајќи дека ваквата судска пракса е во спротивност со законските одредби и тежината на последиците. Според нив, законската рамка предвидува казни затвор од шест месеци до десет години, во зависност од тежината на делото. Сепак, во конкретниот случај, и […]

Цените на нафтата малку се намалија, но и натаму се високи, над 110 долари за барел


Цените на нафтата денеска се намалија откако САД почнаа акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Но, падот на цените е ограничен и нафтата се тргува за повеќе од 110 долари за барел. На Лондонската берза нафтата Брент попладне се продаваше за 112,61 долари за барел или за 1,6 отсто помалку од вчерашната цена на […]

За три месеци трговскиот дефицит над 920 милиони долари


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1.998,3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на  првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2.788,3 милиони евра, за 0.5  проценти повеќе во однос на истиот перод лани, […]

Во Нови Пазар приведен државјанин на Македонија, крадел пари од џамии


Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба. Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар. Против […]

5 мај во историјата – Лансиран е парфемот „Шанел Бр. 5“


  На 5 мај 1921 година, датум од симболично значење за неговиот иконски творец, парфемот „Шанел бр. 5“ официјално дебитира во бутикот на Коко Шанел на улицата „Камбон“ во Париз. Новиот мирис веднаш направи револуција во индустријата за парфеми и остана популарен цел век. Габриел „Коко“ Шанел беше ќерка на продавач на облека, мајка ѝбеше […]

Сточарите пред колапс – откупната цена на млекото намалена за уште два денари


  БИТОЛА – Нова „казна“ од млекарниците стаса за сточарите, одгледувачи на говеда – откупната цена на млекото е намалена за два денари по литар. Вака во една реченица сточари од Пелагонија ја опишуваат состојбата со откупот на суровото млеко. Падот на откупната цена на млекото се случува во континуитет, поизразено од лани летото, па […]

Пет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, две лица приведени


Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани пет пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, информираат од МВР. Како што соопштија од Министерството, вчера во 15:30 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава […]

Дубаи во целосна парализа, губи 540 милиони долари дневно


  Војната што избувна откако САД и Израел ја нападнаа Исламската Република Иран го дестабилизираше Блискиот Исток, што јасно се гледа во Дубаи, регионалниот економски и туристички центар на Обединетите Арапски Емирати. Градот, кој планираше да прими рекордни 20 милиони посетители оваа година, се соочува со масовен егзодус на странци и ненадеен прекин на сите […]

Македонија сака да ги добие неискористените средства од Планот за раст за Србија, Косово и БиХ, вели Сали


Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали вели дека забрзано се работи на реформската агенда и дека се прават напори да се добијат средствата од Планот за раст што ќе останат неискористени од Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Сали, кој денеска присуствуваше на седница на Управниот одбор на Стопанската комора, рече дека […]

Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра


  Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека за две години владеење на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, држава се задолжила за нови 2,3 милијарди евра. На прес-конференцијата во седиштето на партијата Филипче остро ја нападна Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека водат „дилетантска“ политика која ги осиромашува граѓаните, како и дека забрзува инфлацијата […]

Тоневски: Во тек е евалувација на понудите за изградба на современиот систем за отпад во село Мечкуевци


Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на распишаниот тендер за изградба на современиот систем за управување за отпад во Светниколското село Мечкуевци, каде што ќе се селектира и на современ начин ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот Плански Регион, информираше денеска претседателот на Советот на […]

Трамп повторно го нападна папата Лав околу ставот за војната со Иран


  Доналд Трамп упати нов вербален напад врз папата Лав XIV, обвинувајќи го дека „загрозува многу католици“ затоа што „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“. Забелешките доаѓаат два дена пред Марко Рубио, државниот секретар на САД, да се сретне со Лав во Ватикан, во обид да ги ублажи тензиите предизвикани од […]