Завршени експропријациите – мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во употреба


Фото: Б. Грданоски

Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, соопшти денеска градоначалникот на Сkопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој вели дека завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.

„Сега следува воспоставување целосен и функционален сообраќаен проток, по наредните 60 дена од започнувањето на подготвителните активности, средувањето на потребната документација и процесот на преселување на луѓето кои живеат во објектите на трасата“, додава Ѓорѓиевски.