Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има […]

Меси ја предводи Аргентина во одбрана на титулата


Селекторот на аргентинска репрезентација Лионел Скалони го објави списокот со 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, на кој се најдоа 17 играчи со кои ја освои титулата на Мундијалот 2022 во Катар. Аргентинците во одбрана на титулата ќе ги предводи 38-годишниот Лионел Меси, за кого Мундијалот од 11 јуни во 19 јули во САД, Мексико […]

Донирани три возила за ТППЕ Куманово


Територијалната противпожарна единица Куманово доби донација од три противпожарни возила, со кои ќе располагаат кумановските пожарникари, соопштија денеска надлежните. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека претставници од ТППЕ Куманово и од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) претходно учествувале на петдневна обука во покраинската област Тирол во Австрија, каде посетиле практична едукација за справување со […]

Малолетник натепан во автобус од двајца врсници во Чаир


33-годишна скопјанка синоќа пријавила дека на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат во автобус од двајца врсници. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:15 часот во СВР Скопје Е.С.(33) од Скопје пријавила дека околу 21:50 часот на подрачјето на Чаир во автобус нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од […]

М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот


Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација.  М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит.  – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во […]

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“


Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, ја информираше денеска јавноста дека во првата тужба поднесена против медиум, во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во овој случај против германското списание „Шпигел“, Суд во Хамбург донел привремена мерка со која му забранува на тој медиум понатамошно објавување и ширење наводи што […]

Круговите околу Трамп имаат план за Орбан: висока функција во ОН поврзана со дипломатски имунитет


  На Виктор Орбан ќе му биде понудена висока позиција во Обединетите нации од круг поврзан со Доналд Трамп, пишува истражувачкиот новинар Саболч Пањи во билтенот на централноевропскиот портал VSquare, повикувајќи се на неколку независни извори. Конкретното портфолио е очигледно второстепено и во голема мера неважно; важно е дипломатскиот имунитет што би го носел висок […]

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува


Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни […]

Аеродром домаќин на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“


Општина Аеродром од вечерва е центар на фолклорот и традицијата, со почетокот на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој ќе трае до 1 јуни во Долно Лисиче. Покрај домашните ансамбли, на сцената ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Како што соопштуваат од општината, градоначалникот Дејан Митески им […]

Мицкоски најави поддршка за шопинг инвестиција и на северната граница, во општина Куманово


Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово.  Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. -Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба […]

Левица: Да се фалиш со „раст“ на номиналниот БДП кога државата се задолжува милијарди евра не е успех


Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски, за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот, се вели во соопштението од Левица. Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра […]

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска објави дека од ноќеска нуклеарната централа Запорожје привремено останала без надворешно напојување, што е 16-ти пат од почетокот на воениот конфликт во Украина. МААЕ во објава на Икс соопшти дека дизел генераторите за итни случаи автоматски се вклучиле за да обезбедат напојување на клучните безбедносни системи за време […]

Холандија воведува голема рестрикција за бензинските и дизел автомобили: Работодавците ќе плаќаат стотици евра месечно


  Холандија воведува значително построги правила за службените автомобили кои не се целосно електрични од 2027 година. Новата такса ќе се применува на новопотпишаните договори за лизинг за возила со мотори со внатрешно согорување, како и хибриди, а целта на владата е дополнително да го забрза преминот кон мобилност на батерии. Од 1 јануари 2027 […]

„Месечината ми е татко“ на Гиорги Овашвили најдобар филм на Филозофскиот филмски фестивал


Пет филма беа наградени на затворањето на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал, кој вчеравечер ги прогласи добитниците во категориите за долгометражни и краткометражни остварувања. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, наградата „Златен був“ од стручното жири ја доби филмот „Месечината ми е татко“ на грузискиот режисер Гиорги Овашвили, кој беше истакнат за неговата уметничка […]

Сообраќајка кај селото Черкези: Загина 13-годишно дете на електричен тротинет


Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези. Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) […]

Мицкоски со Кошта ќе бара решение што нема да го допре македонското достоинство


  Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање.  Тој порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да […]

Високиот суд во Кенија донесе привремена забрана САД да отворат карантински центар за ебола


Високиот суд на Кенија привремено го запре планот на САД за поставување карантински центар во Кенија за луѓе изложени на вирусот ебола. Судијката на Високиот суд, Патриша Њаунди, во наредба издадена доцна синоќа, пресуди дека до завршувањето на судската постапка со која се оспорува договорот со САД, Кенија не смее да прифаќа луѓе кои биле […]

Италијанските синдикати штрајкуваат, јавниот превоз парализиран


Еднодневниот штрајк свикан од неколку синдикати предизвика прекини во делови од Италија во петокот, влијаејќи на железницата, училиштата и болниците. Јавниот превоз во Милано работеше ограничено, бидејќи градовите низ целата земја се подготвуваа за протести. Синдикатите го свикаа штрајкот за да го зголемат притисокот врз десничарската коалициска влада на премиерката Џорџа Мелони. Нивните барања вклучуваат […]

„Мишелин“ ќе укине 9 проценти од работните места во Франција


Францускиот производител на гуми „Мишелин“ ќе намали 1.500 од своите 17.000 работни места во Франција во следните три години. Одлуката за намалување на персоналот е донесена поради зголемувањето на трошоците за енергија и производство воопшто, како и „еден од најлошите даночни притисоци во индустријализираните земји“. Како што објасни компанијата, според француската новинска агенција АФП, две […]

Од 25 мај Чачак е без вода: Владата ќе испрати 330.000 шишиња вода од 0,5 литри


Владата на Србија на вонредна седница одобри Републичката дирекција за стоковни резерви да обезбеди флаширана вода за пиење на загрозеното подрачје на Моравскиот административен округ – 330.000 шишиња од половина литар. За градот Чачак се обезбедени 240.000 шишиња од 0,5 литри вода, за општина Горњи Милановац 40.000 шишиња и за општина Лучани 50.000 шишиња. Од […]