Монтажните гаражи на Клинички ја чекаат тендерската постапка, која не се знае ни кога ќе почне


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите. – Динамиката […]

Зошто „Рајанер“ бара 20 евра од Скопје, а од другите аеродроми не?


  Аеродромите во Скопје и во Охрид и натаму се едни од ретките воздухопловни пристаништа во регионот и пошироко, кои не се на понудата на „Рајанер“, една од најголемите нискобуџетни авиокомпании во Европа. Во средината на минатата година (мај-јуни) македонската влада и ирскиот авиопревозник беа блиску до договор, но работатa се прекрши околу висината на […]

Ѓорѓиевски одлучен да го реши проблемот со дивиот премин на Бит-пазар, засега само со политички флоскули


Ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин на Бит-пазар – дециден е скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Како што изјави денеска, има само една алтернатива – или преминот да биде легален во согласност со законот и да се отстрани натпатникот за да се добие сообраќајно решение или натпатникот да стане функционален и да се затвори […]

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026


Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на […]

Рот: Глупавата опструкција на Бугарија кон Македонија мора да престане!


  Глупавaта  опструкција на патот на Северна Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане, напиша на Твитер поранешниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот. Според негова оценка, оваа опструкција ја  ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери. „Новата […]

Ѓоковиќ нема да ги бојкотира медиумите на Ролан Гарос


Париз – До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште два дена (24.мај – 7.јуни), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на првиот ден ќе игра против Џовани Перикар. Пред почетокот на турнирот тој во разговор со новинарите порача дека не е дел од тенисерите и тенисерките, кои ќе ги бојкотираат медиумите. –   Не сум дел […]

„Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста – REDUCE“ – Општина Бутел доби нов проект од ЕУ


Во Приштина се одржа завршната церемонија за доделување на грантовите за општините во рамките на IPA III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија за периодот 2021-2027 година. На настанот присуствуваа министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Златко Перински, косовскиот министер за локална самоуправа, како и градоначалниците на општините кои се дел од […]

Постигнат договор: Ќе се формираат ракометни регионални лиги во машка и женска конкуренција


Денеска во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен […]

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје како Европска престолнина на културата во 2028


Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, Аквадуктот, зградата на Поштата и парковите, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде […]

Ништо од електричните автобуси од Унгарија – поништена јавната набавка


  Министерството за транспорт и врски информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. „Министерството за транспорт ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“. Нема […]

Четири деца загинаа, а 35 се повредени при украински напад во Луганкс


Најмалку четворица загинати, а 35 деца се повредени во синоќешниот украински напад со дрон врз ученички дом во градот Старобилск, Луганск, што е под руска контрола. Руската комесарка за човекови права Јана Лантратова изјави дека во времето на нападот, 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години спиеле во домот на Старобилск колеџ, што […]

Поранешни директори во ТЕЦ Неготино земале и плата и апанажа


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, наедно распоредени  на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ Неготино. „По статусната промена и соединувањето на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ-Скопје, по престанок на функциите, како членови на управниот […]

Сашо Клековски со нов четиригодишен мандат како директор на ФЗО


Владата на Македонија го именува Сашо Клековски за Директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со полн четиригодишен мандат, потврдувајќи го неговиот досегашен ангажман во периодот како вршител на должност. Во својата објава на Фејсбук, Клековски нагласува дека именувањето претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Тој посочува дека заедно со новоименуваниот заменик-директор, Седат […]

ЗОО Скопје и Битола ќе се модернизираат по европски стандарди


По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното […]

Граѓанските организации тврдат дека власта ги „брише“ од законите и им ги „секнува“ фондовите


Граѓанските организации апелираат до сите пратеници да не ги поддржат предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, со кои од законското решение се бришат граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст како јасно препознаени организации што можат да добиваат средства за работа со ранливи категории. “Ова не е само техничка […]

Згасна „Доцното шоу“на Стивен Колберт по 11 сезони, Трамп ликуваше


Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за емитувањето на последната епизода од „The Late Show with Stephen Colbert“, велејќи дека неговиот долгогодишен водител Стивен Колберт бил „како мртовец“. Последната епизода од емисијата се емитуваше синоќа. CBS донесе одлука да ја прекине емисијата минатото лето, во време кога Paramount Global, сопственикот на CBS во тоа време, бараше […]

Со модернизација на студиски програми и соработка со бизнисот ќе се задржуваат младите дома


Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот […]

Судбината на 4iG е неизвесна по смената на власта во Унгарија. Што ќе стане со третиот мобилен оператор кај нас?


  Унгарија неодамна беше шокирана кога дозна дека тамошното министерството за одбрана склучило рамковен договор во вредност од 1.311.050.000.000 форинти (3,6 милијарди евра) со компанијата за вселенска технологија 4iG, која прерасна во ИТ гигант. Магазинот ХВГ напиша дека договорот е потпишан кон средината на март, еден месец пред изборите, од страна на компанијата на Гелерт […]

Алмодовар од Кан: Европа никогаш не смее да му биде потчинета на Трамп!


Кан – Шпанскиот режисер Педро Алмодовар смета дека истакнатите филмаџии имаат „морална должност“ да говорат против влошувањето на политичката клима денес. На премиерата на неговиот претстоен филм во Кан, и со значка со натпис „Слободна Палестина“ на реверот на јакната, тој одговараше на прашања во врска со неговите претходни коментари во коишто го критикуваше недостатокот […]

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје в понеделник нема да работат


По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат […]