Четири деца загинаа, а 35 се повредени при украински напад во Луганкс


Најмалку четворица загинати, а 35 деца се повредени во синоќешниот украински напад со дрон врз ученички дом во градот Старобилск, Луганск, што е под руска контрола.

Руската комесарка за човекови права Јана Лантратова изјави дека во времето на нападот, 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години спиеле во домот на Старобилск колеџ, што е дел од Педагошкиот универзитет во Луганск.

– Вооружените сили на Украина извршија целен напад врз деца што спијат, истакна Лантратова.

Луганск е еден од четирите украински региони анектирани од Русија во 2022 година, што Киев и поголемиот дел од меѓународната заедница го сметаат за нелегално одземање територија.