Во табла јајца спакувала дрога и му ја однесла на сопругот во затворот Идризово


Покрената истрага за млада жена која се обидела да внесе дрога во затворот Идризово.  – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се […]

Муцунски од Шведска: НАТО станува се посилен


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло […]

Левица: Наместо укинување на онлајн коцкањето – владиниот закон спрема приватизација на онлајн бизнисот со коцка


Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше ВЛЕН пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта, реагира денес Левица. „Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони“, […]

„Панче Тошковски нема морал. Треба да поднесе оставка по толку жртви“, вели Каја Шукова од СДСМ


  Жртвите стануваат премногу. Исто толку семејства се уништени, МВР не функционира. Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, праша каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, по уште едно убиство на жена во Скопско. „Пред само неколку дена, 37-годишна жена беше убиена […]

НОБ за баритонот Ристе Велков: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник


Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Националната опера и балет и во македонската […]

Проекција на „Медена земја“ во Карловац во знакот на културната дипломатија


По повод Светскиот ден на пчелата, во Kino Edison во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното Едисон во Карловац. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог […]

Македонската кинематографија со бројни активности во Кан


Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од Centre national […]

Случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ не е завршен, вели обвинителот Савески


  Случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ не е завршен. На потег е Вишото јавно обвинителство. Ова го вели државниот јавен обвинител Ненад Савески, во интервју за неделникот „Фокус“ и нагласува дека сега ќе разгледува приговорот на ЕСМ на решението за запирање на истрага. „Сакам да напоменам дека јавнообвинителските одлуки не се пресудена работа. Доколку […]

Актерките од „Одисеја“ на Нолан на епски насловници на „Ел“


Лос Анџелес -Главните дами од А-листата на „Одисеја“ се трудат максимално да го промовираат епот во режија на Кристофер Нолан, позирајќи за неверојатни фотосесии за списанието Elle. Ен Хатавеј, Зендаја, Лупита Њонго и Шарлиз Терон позираа за четири одделни насловни страници на списанието Elle кои ги претставуваа елементите – вода (Хатавеј), земја (Зендаја), оган (Њонго) […]

Коалицијата „Менуваме“: Најдено решение за проблемот по незаконското намалување поддршка за лични асистенти


По вчерашниот состанок на претставници на коалицијата „Менуваме“ со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната прес- конференција изразуваме задоволство затоа што беше најдено решение, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, за нашиот проблем по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти – изјави Суарет Алишан, координатор на коалицијата. На состанокот биле […]

Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија


 Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот. Паркот е лоциран пред соборниот храм Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои […]

Што значи за Балканот идејата на Мерц за проширување на ЕУ?


Писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц се прошири низ политички Берлин. Во обраќањето до претседателката на  Европската комисија  Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, и кипарскиот претседател Никос Христодулидис, чие претседателство моментално раководи со Унијата, Мерц предлага да се внесе нова динамика во процесот на проширување. Во прв план во писмото […]

Поднесени жалби против Meta, TikTok и Google за незаштитување на потрошувачите од финансиски измами


Европската организација на потрошувачи (BEUC), заедно со 30 членки од 27 земји, вчера поднесе жалба до Европската комисија и надлежните национални органи против Meta, TikTok и Google, поради недоволно справување со ширењето на измамнички финансиски реклами на нивните платформи, спротивно на обврските утврдени со Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), информира Организацијата на потрошувачите […]

Провинцијата Алберта во октомври на референдум за отцепување од Канада


Канадската провинција Алберта ќе одржи референдум за тоа дали треба да остане во Канада или да продолжи кон второ обврзувачко гласање за отцепување, што претставува прв значаен тест за единството на земјата по неколку децении, објави Би-би-си. Најавата што вчера ја соопшти премиерката на Алберта, Даниел Смит, доаѓа откако граѓанска петиција со барање за отцепување […]

ДУИ тврди дека „десната рака“ на Меџити се богати на сметка на државни институции


ДУИ продолжува да го открива скриениот имот на Недим Рама, десната рака на Изет Меџити. Според партијата, иако има законска обврска, тој не пријавил никаков имот во Државната комисија за спречување на корупцијата. „Во денешниот случај откриваме дека до неодамна, Недим Рама со лицето Џелал Зендели беа сопственици на компанијата  ХОСТМК ЛТД ДОО Скопје, која […]

Отворањето на американскиот конзулат на Гренланд предизвика протести


  НУУК, Гренланд – Инаугурацијата на новиот американски конзулат во главниот град на Гренланд во четврток предизвика големи протести, претворајќи го она што Вашингтон се надеваше дека ќе биде кулминација на еднонеделната офанзива за шармирање во неуспех во односите со јавноста. Околу 1.000 луѓе се собраа пред новиот комплекс од 3.000 квадратни метри во Нуук, […]

Рама: Денот на Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ – ден на гордост за Албанија


Албанскиот премиер Еди Рама, во реакција на Фејсбук, 26 мај кога во Брисел, се очекува Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, оценува дека со тоа ќе се означи успешното завршување на воведната фаза и отворање на последната фаза од преговорите за пристапување. „На 26 мај во Брисел, Меѓувладината конференција Албанија – ЕУ успешно ја запечатува воведната фаза и […]

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање


Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј […]

Каде во Европа ултрабогатите заработуваат најмногу?


Уделот од приходот што оди кај најбогатите 0,1 процент од Европејците значително варира од земја до земја, почнувајќи од над шест проценти во некои до европски просек од 4,5 проценти. Експертите ги посочуваат даночните системи и нееднаквоста во платите како клучни фактори зад разликите, објавува Euronews Business. Податоците од Светската база на податоци за нееднаквост […]

Каземиро по Манчестер Јунајтед заминува во САД кај Меси


Бразилскиот фудбалер Каземиро на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед и како што пренесуваат британските медиуми ќе се пресели во САД и ќе биде соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами. Сепак трансферот нема да биде лесно остварлив особено што според МЛС лигата прописите се дека право на него има ЛА Галакси. Тој наводно […]