Експлозија во фабриката на MOL во Унгарија. Едно лице загина, неколку се повредени


Експлозија во петрохемиската фабрика на унгарската нафтена и гасна група MOL во источниот унгарски град Тишаујварош одзеде еден живот и сериозно повреди неколку лица, соопшти компанијата во петок. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека неговиот министер за економија Иштван Капитани и извршниот директор на MOL, Жолт Хернади, се на пат кон фабриката. Маѓар, […]

Финските нуркачи за починатите Италијанци на Малдиви: „Имале можеби десет минути“


Мале – Тимот фински експерти за нуркање веруваат дека ја решиле мистеријата околу смртта на петте италијански нуркачи кои загинаа додека истражуваа длабокоморски пештери на Малдивите. Трагедијата, која се случи минатата недела на атолот Ваву и се смета за најлошата несреќа при нуркање во историјата на островската нација, ги одзеде животите на искусна група италијански […]

Путин веќе никаде не оди низ Русија. Се плаши од украински дронови


  Владимир Путин не посетил ниту еден руски регион откако се врати од Кина, иако ваквите посети беа норма во претходните години. Како резултат на тоа, според пресметките на медиумот „Агентство“, паузата во неговите патувања низ земјата, во услови на зголемена фреквенција на напади на украинските вооружени сили, пораснала на 196 дена – рекорд што […]

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?


Според ВЛЕН  политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, бил забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик. „Затоа се поставува прашањето: против кого […]

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики


„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група […]

Турција станува водечка дестинација за спортски настани од светска класа


Aнталија – Брзорастечкиот глобален пазар на спортски настани се предвидува дека ќе достигне 609 милијарди американски долари до 2031 година. Во вакви услови, сѐ повеќе земји ја промовираат својата понуда за спортски туризам, вклучувајќи ја и Турција. Со својата високо развиена инфраструктура за конференции и конгреси и динамичниот и добро развиен екосистем за спортски туризам, […]

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените […]

Од MOS натпревар до светски успеси: Македонски учесници денес градат кариера во Google и IT индустријата


Дигиталните вештини денес не се само предност, тие се неопходност. Токму затоа Microsoft Office Specialist (MOS) натпреварот, организиран од Семос Едукација и Certiadria, претставува уникатна можност младите да ги тестираат своите знаења, да стекнат меѓународно признат сертификат и да ја претставуваат Македонија на светската сцена. Но, за многумина, MOS е многу повеќе од натпревар. Тоа […]

Сибиха : Војната во Украина влезе во одлучувачка фаза


Војната во Украина достигна одлучувачка фаза која бара од сојузниците да ја засилат својата поддршка и да го зголемат притисокот врз Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха по состанокот на Советот НАТО-Украина одржан во Хелсингборг. Сибиха на социјалната мрежа Икс нагласи дека Украина цврсто ги држи своите позиции и дека големиот број […]

Џулијан Мур снима филм со Барак и Мишел Обама


Лос Анџелес – Џулијан Мур се враќа на комедијата по низа сериозни улоги. Актерката и добитничката на Оскар потпиша нов филм на Нетфликс во кој ќе ја игра главната улога и ќе биде извршен продуцент. Проектот се создава во соработка со продуцентската куќа Higher Ground, која беше основана во 2018 година од поранешниот американски претседател […]

Кајл Буш, најжестокиот возач на НАСКАР, почина на 41 година


  Кајл Буш, најпобедничкиот возач во трите најдобри серии на НАСКАР, почина. Имаше 41 година. Буш, двократен шампион во серијата НАСКАР Куп, се повлече од трката овој викенд поради, како што неговиот тим ја нарече, „тешка болест“. Пред единаесет дена, за време на трката од серијата Куп во Воткинс Глен, Њујорк, Буш се пожали на […]

Републиканците во Конгресот го откажаа гласањето за резолуцијата за запирање на војната со Иран


Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес неочекувано го откажаа гласањето за резолуцијата со која се бараше прекин на војната со Иран, освен доколку претседателот Доналд Трамп не добие официјално одобрение од Конгресот. Оваа одлука уследи два дена откако Сенатот на САД веќе усвои слична мерка. Гласањето беше предвидено да се одржи вчера доцна […]

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје – Петровец


 Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе – шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје – Петровец. Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе,  седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 […]

Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот


Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните активности […]

Филипче се дообјаснува: Никаква влада, никаква широка коалиција…


  Лидерот на СДСМ се дообјаснува околу понудата дадена на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја преземат одговорноста околу уставните измени и се што би резултирало од тоа подоцна. Тој негира дека она што сакал да го каже е дека ѝ нуди на власта широка коалиција. „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав […]

Меѓу загинатите на обиколницата се и оперскиот првенец Ристе Велков и неговиот син


  Во големата трагедија на обиколницата кај Скопје меѓу четирите жртви е и баритонот на Македонската опера и балет Ристе Велков и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Велков беше оперски солист првенец, еден од водечките македонски баритони. Познат е и идентитетот на уште еден од загинатите – Петар Миланов (20) од Скопје, а сѐ уште се работи на […]

Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин кај Бит-пазар


Екипи на Град Скопје не успеаја во својата намера даго затворат неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит-пазар, со поставување метална ограда, затоа што интервенцијата беше прекината поради силен отпор од група граѓани кои излегоа на терен и со жив ѕид го блокираа пристапот на службите. Според очевидци, на локацијата се собраа претежно жители од […]

Демонстранти во Конго запалија центар за ебола по спор со властите за тело на починат


Демонстранти во источниот дел на Демократска Република Конго запалија два болнички шатори за лекување ебола по спор со властите околу предавањето на телото на млад човек кој починал од оваа болест, соопштија локалните власти. Локалниот политичар Лук Мамбеле, потпретседател на конгоанската партија А2РЦ, изјави дека роднините на починатиот се обиделе со сила да го земат […]

Руте ја поздрави одлуката на Трамп за испраќање војници во Полска


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека ја поздравува најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање 5.000 војници во Полска, но додаде дека стратешкиот тренд и понатаму е насочен кон посилна Европа која помалку ќе зависи од САД за својата одбрана. Пред почетокот на состанокот на НАТО во шведскиот град Хелсингборг, Руте […]

Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа на обиколницата во Скопје


  Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – […]