ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?


Од протестот за правосудниот испит (Фото: Б. Грданоски)

Според ВЛЕН  политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, бил забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик.

„Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот чичко, Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда кои не презедоа ниту еден чекор за решавање на ова прашање?

Повеќе од две децении ДУИ ги манипулираше Албанците со ветувања за унапредување на правата, додека албанските студенти продолжија да се соочуваат со институционални пречки и дискриминација дури и во најосновните професионални процеси“, реагираат од ВЛЕН за протестите зад кои застана ДУИ. то .