Филипче се дообјаснува: Никаква влада, никаква широка коалиција…
Лидерот на СДСМ се дообјаснува околу понудата дадена на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја преземат одговорноста околу уставните измени и се што би резултирало од тоа подоцна. Тој негира дека она што сакал да го каже е дека ѝ нуди на власта широка коалиција.
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, напиша Филипчер на Фејсбук.