Чествувањето на св. Кирил во Рим завршува со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“


Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот […]

Њујорк убедлив и во третиот натпревар против Кливленд


 Кошаркарите на Њујорк се на само една победа од пласман во големото финале од НБА лигата откако ноќеска го совладаа Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во добиени натпревари. Екипата на Њујорк Никс последен пат играше во финале пред 27 години во 1999 година. Кошаркарите на Њујорк имаа извонреден шут за три поени од […]

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина


Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев […]

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој отвори оган кај Белата куќа


Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со […]

Нестабилно време со дожд, грмежи, силен ветер и можност за локално невреме


Променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер ја очекува Македонија денес, а метеоролозите предупредуваат дека на одредени места временските услови може да прераснат и во локално невреме. Според прогнозите, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и грмежи на повеќе места низ земјата. Ќе дува засилен […]

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме


Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од […]

„Фјорд“ на романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма во Кан


Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“. Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, […]

Како обвинет политичар да избега од правдата – полскиот пример


Спектакуларната победа на изборите во Унгарија на Петер Маѓар, надвор од задоволството во европските престолнини и во ЕУ за падот на Виктор Орбан, предизвика дополнителни очекувања (а и стравувања) во јавноста во две земји. Полска и Македонија. Затоа што на тројца поранешни политичари, кои избегаа од сопствените земји, Орбан им даде политички азил за да […]

Маскирани крадци провалија во домот на четирикратниот шампион во Формула 1. Повреден е


Швајцарската полиција истражува провала во домот на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост, во која тој, наводно, бил повреден. Инцидентот се случил во вторник наутро во Нион, а крадците избегале со пленот откако принудиле член на семејството да отвори сеф, објави Скај њуз. Според соопштението на локалната полиција, 71-годишникот претрпел повреда на главата […]

Шакира и Бурна Бој објавија музичко видео со химната на Мундијалот, се појавуваат Меси, Кејн, Мбапе…


Шакира и Бурна Бој го објавија музичкото видео за нивната нова песна „Даи Даи“, која е воедно и официјална химна на Светското првенство во фудбал во 2026 година. По објавувањето на песната претходно овој месец, визуелно впечатливото видео во кое се појавуваат голем број светски фудбалски ѕвезди беше објавено во саботата. Фудбалска елита во видеото […]

Џорџ Расел од Мерцедес победи во спринтот за ГН Канада


Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи на спринтот за Големата награда на Канада. Второто место му припадна на Ландо Норис, а Кими Антонели. Во текот на целата трка Антониели имаше проблеми и излегуваше од патеката и третата позиција е и добар пласман. Оскар Пјастри заврши на четвртото место, а како петти заврши Шарл Леклер, пред […]

Филипче за повикот на министерката за финансии: Доаѓаме, но да дојдат и медиумите


Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче. „Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, вели […]

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб


Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој […]

Експлозии, топовски удари: Во Белград се судрија полицијата и дел од демонстрантите


По протестот во Белград на Студентското движење кое ги повика српските граѓани на голем протестен митинг денес на плоштадот Славија во Белград, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, која бара предвремени парламентарни избори и демократизација на земјата, на улиците дојде до судир меѓу полицијата и дел од протестантите. Собирот започна во 13 часот на четири […]

ММФ предупредува дека јавниот долг на ЕУ би можел да „експлодира“


Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на […]

Протестот во Белград заврши, инциденти во Пионерскиот парк, интервенира полицијата


По зазвршување на протестот во Белград се случија инциденти во Пионирскиот парк. Група демонстранти фрлаа шишиња, факели и топовски удари во правец на паркот, каде што се наоѓа „Ќациленд“, каде што се собрани поддржувачи на СНС. Полициски кордон во опрема за немири е околу паркот. Припадници на Полициската бригада и жандармеријата, исто така, дојдоа во […]

Поради оштетен резервоар со токсични хемикалии во Калифорнија евакуирани 44.000 луѓе


Повеќе од 44.000 луѓе се евакуирани во неколку градови во Јужна Калифорнија, откако локалните власти предупредија дека оштетен резервоар со токсични хемикалии во воздухопловна фабрика во Оринџ Каунти неизбежно ќе попушти и потенцијално може да експлодира. Индустрискиот резервоар во објектот во Гарден Гров (Garden Grove) се проценува дека содржи околу 7.000 галони (околу 26.500 литри) […]

За Димитриеска Кочоска прес-конференцијата на Филипче за задолжувањето била „хистерична“


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки.  – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со […]

Хал се врати во Премиер лигата


Екипата на Хал избори враќање во Премиер лигата откако попладнево во финалето на плеј офот успеа да го совлада Мидлсброу со 1:0 на Вембли пред 85.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекберни во 90+5 минута (во судиското надополнување на вториот дел). Освен пласманот во Премиер лигата Хал според некои процени ќе треба да […]

Убедлива победа на Алкалоид против Бутел


Ракометарите на Алкалоид вечерва постигнаа убедлива победа од 37:21 во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата против Бутел на домашен терен. Ова беше 20-та победа за тимот на Алкалоид во првенството и вкупно 15.та победа во 16-тиот меѓусебен дуел против Бутел. Гостите имаа водство од 3:2, но потоа Алкалоид со серија од […]