Филипче за повикот на министерката за финансии: Доаѓаме, но да дојдат и медиумите


Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче.

„Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, вели Филипче додавајќи дека се подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции.

„Граѓаните заслужуваат вистина, а не ново алиби за катастрофалното водење на финансиите“, истакна Филипче.