Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и стави печат на новата титула


Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја. Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ. Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман […]

Протест во Белград: Полицијата го исполнува Ќациленд


Голем број полициски сили се стационирани во Пионерскиот парк во Белград, познат и како Ќациленд. Припадници на МУП исполнуваат дел од паркот пред градското собрание, додека дел од силите влегоа во самиот парк. Полицијата е целосно опремена за сузбивање на нереди, јавува Н1.

Студентски собир во Белград: „Ова е еден од најголемите протести досега“ (видео)


Снимките од денешниот студентски собир на белградскиот плоштад Славија укажуваат дека тоа ќе биде еден од најголемите вакви собири досега, објави организацијата Архиви на јавни собири на социјалната мрежа X. „Проценката за повеќе од 100 илјади луѓе е тешка и нема да ги објавиме податоците вечерва“, соопшти Архивата на јавни собири. Оваа организација, исто така, […]

Притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило на скопската обиколница


Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор.  – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. […]

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални


Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. – Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за […]

Иран: Нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка за договор со САД, ќе биде „предмет на посебни дискусии“


Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во […]

„Првиот Македонец во вселената“ на 30 и 31 мај во Скопје


Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната […]

Земјотрес почувствуван во Скопје


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5  Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  IV степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението на скопската Сеизмолошка опсерваторија  .   Според […]

Мицкоски и Ѓорѓиевски расправале за капиталните проекти во метрополата


Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имале средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски  попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива […]

Со стратегија ќе се подигнува јавната свест за сексуалното и репродуктивното здравје


Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со […]

Се прават законски измени за изградба на дата центри


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната […]

Париз не му дозволува влез на израелскиот министер Итамар Бен-Гвир


Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Баро истакна дека одлуката го одразува гневот поради односот на Бен-Гвир кон активистите од меѓународната хуманитарна флотила за Појасот Газа „Глобал Сумуд“. „Сметано од денеска, Итамар Бен-Гвир нема […]

Реки луѓе пристигнуваат на големиот студентски протест во Белград


Студентското движење ги покани граѓаните на Србија на голем протестен митинг денес на плоштадот Славија во Белград, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, која бара одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Собирот почна од 13 часот на четири локации во Белград, а протестот кај Славија е закажан од 18 до 20 часот, објавија […]

Роналдо остана без наградата за играч на годината во Саудиска Арабија. Ја освои негов соиграч


Кристијано Роналдо не беше прогласен за играч на сезоната во Саудиската професионална лига, и покрај тоа што конечно ја освои титулата со Ал-Наср. Престижната награда му припадна на неговиот соиграч од клубот и репрезентацијата на Португалија, Жоао Феликс. Роналдо постигна два гола во победата од 4-1 над Дамак во четврток, обезбедувајќи ја првата титула на […]

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе


Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, тврди дека тендерот за автобусите пропаднал затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе. „Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси […]

И натаму се вози „лудо“, за едно деноноќие приведени 18 возачи, 12 возеле без дозвола


Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина […]

Ќе платиме 20 милиони евра повеќе за камати: Филипче го критикува новото задолжување на Владата


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека државата ќе треба да плати 20 милиони евра повеќе поради новото задолжување од 260 милиони евра, кое е по понеповолни услови од претходното на почетокот на годинава, направено преку издавање еврообврзница. Тој посочи дека во стратегијата за оваа година, според министерката за финансии, било планирано […]

Ако ЕУ прави пакет за проширување, не смееме да го испуштиме, вели Филипче


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека последниот предлог изнесен од германскиот канцелар Фридрих Мерц е уште еден доказ дека навистина има волја да се направи чекор кон проширувањето, дека и самата Европска Унија има потреба од него и во економска и во безбедносна смисла и додаде дека доколку се работи на […]

Мицкоски телефонски разговарал со Јанша: Продолжуваат силните врски меѓу Македонија и Словенија


Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упатил честитки за изборот и формирањето на новата влада во Словенија. Во објавата на својот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека на Словенија ѝ посакал стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи.  Тој истакнува […]

Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч во Премиер лигата


Португалскиот репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш го доби признанието најдобар играч на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ имаа пред сè одлична втора полусезона, а Бруно е првиот фудбалер од овој клуб што по повеќе од една деценија стигнува до престижната награда. Во конкуренција за наградата беа: Ерлинг Халанд, Деклан Рајс, а […]