Земјотрес почувствуван во Скопје
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5
Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението на скопската Сеизмолошка опсерваторија .
Според првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмички центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 21 киломеѕтар источно од Скопје, а далбочината била на 5 километри.