Швајцарија и Македонија ги поврзуваат и двете несреќи, во Кочани и Кран Монтана, рече Ги Пармелан


  Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава – истакна денеска претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по разговорите со претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека денешната посета на Пармелан значи […]

„Ѓаволот носи Прада 2“ со 17 сали за премиерата во Скопје 


Синеплекс во Скопје, вечерва (29 април) организира најголема „Женска вечер“ оваа година, во чест на македонската премиера на филмскиот хит „Ѓаволот носи Прада 2“, за која се подготвени низа изненадувања за гостите – од коктели до ревија. За премиерата се пуштени во продажба билети за 17 сали. Дваесет години откако „Ѓаволот носи Прада“ ги освои […]

Со околу 2,5 милиони евра ќе се поддржат 56 проекти за рамномерен регионален развој


Денеска се одржа четириесет и втората седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководеше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. На седницата, Советот ги утврди предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби преку Програмата за рамномерен регионален […]

Чарлс до Трамп: Рековте дека ќе зборувавме германски без вас. Вие ќе зборувавте француски без нас


Британскиот крал Чарлс III му даде духовит одговор на американскиот претседател Доналд Трамп за време на државната вечера во Белата куќа, алудирајќи на неговата претходна изјава дека без американска помош во Втората светска војна, Европејците денес ќе зборуваа германски. Осврнувајќи се на колонијалното минато, Чарлс забележа дека ако не беа Британците, Американците веројатно денес ќе […]

ЕК отвори постапка против Унгарија и Словачка поради специјалните цени за горива за странци


Европската комисија отвори постапка против Унгарија и Словачка поради дискриминаторски цени на горива за возачи на автомобили регистрирани во други земји-членки. Во Словачка, цената на дизелот за странски возачи е фиксна на неделна основа и се менува според цените во соседните земји, додека возачите на автомобили регистрирани во Словачка уживаат пониски цени. Мерката првично беше […]

СДСМ не дојде, одложена седницата на работната група за изборниот закон


  Министерството за правда соопшти дека поради отсуството на пратениците на СДСМ е одложена четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство. Министерот за правда, Игор Филков информирал дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес, […]

Штекли доби осум години затвор за трговија со дрога


Раде Трајковски Штекли денеска беше осуден на осум години затворска казна во скопскиот Кривичен затвор, за трговија со дрога. Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана. „Раде Трајковски судот го осудува на казна затвор од 8 години. […]

Хеклани чанти го освојуваат Скопје


Во автентична атмосфера, вчера, брендот YOVA  ја претстави својата нова колекција чанти „Блосом“ за сезона Пролет/Лето 2026. Преку колекцијата „Блосом“ се истражува идејата за цутење како процес – личен, емоционален и динамичен. Инспирирана од различните фази низ кои поминува жената, колекцијата носи пет модели на рачно изработени ташни, секој со свој карактер и израз. Гостите […]

„Еден е Драмски“ – гостувања на националните театри во Скопје во чест на јубилејот


Со гостувања на националните театри од денес Драмски театар продолжува со активностите во чест на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Манифестацијата е замислена како повеќедневна културна платформа на гостувања и средби што ќе ја афирмира продукцијата на македонските театри пред публиката во Драмски. Под мотото „Еден е Драмски!“ се организирани гостувања на кои се поканети […]

Грчкиот министер призна безбедносни пропусти по пукањето во Атина


Секако дека постоеше безбедносен пропуст во судот, во смисла дека не постојат рендгенски апарати и персонал за контрола при влезот. Некој не си ја завршил работата како што треба, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервју за грчката телевизија „Action 24“, говорејќи за вчерашниот вооружен напад во Службата за социјално […]

СОНК нема да учествува на работничкиот протест на 1 Мај, го одбрале патот на преговори


Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Вели дека протестот го организира друг сојуз и дека го одбрале патот на социјален дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса. […]

Јужноафриканскиот диџеј Блек Кофи со прв концерт во Скопје на 19 јуни


Популарниот јужноафрикански диџеј и продуцент Блек Кофи (Black Coffee) ќе го има првиот настап во Македонија на 19 јуни. Како што објави организаторот „Авалон“, журката ќе биде на отворено, на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје. „Во моментов, Блек Кофи се смета не само за еден од највлијателните диџеи и продуценти на денешнината, […]

Били Ајлиш и Џејмс Камерон снимија 3-Д концертен филм од турнејата “Hit Me Hard and Soft”


Поп-ѕвездата  Били Ајлиш (24) ги здружи силите со познатиот режисер Џејмс Камерон (71) за да ја донесе својата турнеја “Hit Me Hard and Soft” на големото платно. Филмот „Били Ајлиш – Удри ме тешко и меко: Турнејата (во живо во 3D)“, кој ќе се појави во кината на 8 мај преку Paramount Pictures, е ко-режиран […]

Капиталните проекти над 5 милиони евра ќе треба да ги одобрува Комитетот за јавни набавки


Можност за реализација на јавни инвестиции од 3,3 милијарди евра во наредните пет години е презентирана денеска на седница на Комитетот за јавни инвестиции. Ова новоформирано тело врз основа на методологија ќе ги одобрува капиталните проекти што ќе бидат на конечната листа и ќе ја следи нивната реализација. Премиерот Христијан Мицкоски, по седницата на Комитетот, […]

Канти и возила има, но далеку сме од региони без отпад


 Клучните аспекти на одржливото управување со отпад, вклучително и регионалното планирање, инвестициите и инфраструктурата, институционалната и меѓуопштинската координација, како и вклучувањето на граѓаните во процесите, беа дел од темите на денешниот регионален форум за управување со отпад – „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа Скопје. Форумот е […]

Западот низ перспектива на Истокот – премиера на „Западен експрес“ утре во МНТ


Претставата „Западен експрес“ работена по текст на романскиот автор Матеј Вишњек, во режија на Јари Јутинен премиерно ќе биде изведена утре во 20 часот, на Малата сцена во МНТ, додека првата реприза е закажана за 4 мај. По тој повод денеска во малата сала на Македонскиот народен театар се одржа прес-конференција.  Претставата е копродукција меѓу МИ […]

Премиера на „Златокоса“ на сцената на Театарот за деца и младинци


Премиерата на детската куклена претстава „Златокоса“, од Горјан Милошевски и Драган Довлев, по мотиви од бајката „Златокоса и трите мечки“, ќе биде изведена вечерва во 19 часот на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје. Довлев, кој е и режисер на претставата, на вчерашната прес-конференција рече дека овој проект има четири општи цели, […]

Јовески: И приватниците треба колективно да се договараат со своите работници


Сегашниот начин на социјален дијалог досега не е забележан во македонската историја и истиот резултира со огромен број колективни договори во јавниот сектор, изјави професорот по трудово право на Правниот факултет при УКИМ Скопје, Лазар Јовески, кој денеска присуствуваше на Конференција на тема: „Трудови  политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“ во […]

Притвор за 14-годишно момче осомничено дека ја обљубило 13-годишната сестра во Гостивар


Вчера утрото, во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода 14-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра. Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред […]

Шанел го симна од тронот Сен Лоран како најпосакуван бренд


На крајот од првиот квартал од 2026 година, глобалната платформа за пребарување мода Lyst го објави најновото издание на својот Lyst Index, извештај за најбараните брендови и производи. Lyst Index ги зема предвид податоците од пребарувањето, интересот за купување и продажба, како и сигналите од социјалните медиуми, медиумите, пребарувањето и новите канали со вештачка интелигенција […]