Хеклани чанти го освојуваат Скопје


Во автентична атмосфера, вчера, брендот YOVA  ја претстави својата нова колекција чанти „Блосом“ за сезона Пролет/Лето 2026.

Преку колекцијата „Блосом“ се истражува идејата за цутење како процес – личен, емоционален и динамичен. Инспирирана од различните фази низ кои поминува жената, колекцијата носи пет модели на рачно изработени ташни, секој со свој карактер и израз.

Гостите имаа можност одблиску да ги погледнат и подобро да се запознаат со новите модели чанти: Ринг, Фиори, Бисера, Луна и Реса – пет форми што ја отсликуваат современата жена низ состојби како радост, самодоверба, енергија, внатрешна вредност и смиреност.

Поп-пејачката Викторија Лоба меѓу гостите

Чантите се изработени рачно, со посебен фокус на техниката на хеклање, која YOVA ја развива во современ моден занает. 

Дополнителна вредност носи и соработката со италијански партнери за дигитален пасош на производите, како и соработката со семејството Талеви, носители на традицијата на охридски бисери, што на моделите им дава автентичен културен слој.