Кој ги деградира Струшките вечери на поезијата?


Во година на јубилеј – 65 години од постоењето, Струшките вечери на поезијата (еден од ретките културни брендови по кои Македонија е препознатлива во светот), се соочуваат со прашањето како да се зачува значењето и угледот во светот, дома и во очите на Министерството за култура кој го одредува буџетот на годишно ниво. Сонот на […]

Битолски театар со „Кокошка“ вечер во Драмски 


Претставата „Кокошка“ на Битолскиот театар, вечер во 20 часот ќе биде изведена по 95 пат, токму на сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција. Оваа претстава носи свет во кој апсурдот и реалноста се мешаат до точка на непријатна препознатливост, а ликовите чекорат по тенка линија […]

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија


Во периодот од 2014 до 2024 година, во Србија имигрирале 167.244 странски државјани од кои само во 2024 година дошле 34.155 странци. Од тој број, најголем број се руски државјани кои имигрирале во Србија – околу 17.000. Според податоците на Републичкиот завод за статистика, значително повеќе странци дошле во Србија отколку што ја напуштиле. Имено, […]

(Видео) Погледнете како изгледа пругата кон Бугарија: По неа сѐ уште возат само камиони и багери


Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoр 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот Фејсбук профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави од изградбата.   Ивановски посочува дека има прогрес од 35 проценти на предвидените работи на делницата во должина од […]

Планот на Трамп за Иран: Продолжува блокадата и нема бомбардирање


  Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рекол на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран, објави „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на американски официјални лица. На неодамнешните состаноци, Трамп одлучил да продолжи да врши притисок врз економијата и извозот на нафта на Иран со блокирање на превозот до и од […]

Швајцарскиот претседател пристигна во Скопје


Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, претпладнево пристигна во Скопје во рамки на својата официјална посета на земјава. На скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, и министерот Тимчо Муцунски / Фото: Фејсбук „Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот […]

Претседателот на помладокот на Левица казнет 550 евра за истакнување палестинско знаме


Левица со објава на социјалните мрежи ја извести јавноста дека претседателот на помладокот на партијата – Црвена младина, Андреј Куцуловски, е пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување насилство и омраза, поради внесување на палестинско знаме. Од партијата во објавата наведуваат дека за овој „прекршок“ била ангажирана поголема група полициски […]

Втора американска амбасадорка во Украина за една година ќе поднесе оставка поради Трамп


  Вршителката на должноста амбасадорка на САД во Украина, Џули Дејвис, ќе ја напушти својата функција поради несогласувања со претседателот Доналд Трамп, изјавија информирани извори за „Фајненшел тајмс“. Тие рекоа дека Дејвис е „разочарана“ од својата работа поради намалената поддршка за Киев. Таа веќе го известила Стејт департментот за својата одлука и планира да ја […]

Трагедија на грешки на Трамп


Точно е, како што еднаш рекол Александар Поуп (славен англиски поет – н.з.), дека да грешиш е човечки. Но, иако секој е грешен, некои луѓе се посклони кон грешки од другите. Тоа е оправдување за демократијата – за подложување на одлуките што влијаат на голем број луѓе на советодавни процеси што вклучуваат проверки и рамнотежа. […]

Во МАНУ предавање на истакнатиот кинески филозоф Оујанг Канг за вештачката интелигенција


Среда (29 април) во 12 ч, во МАНУ – предавање ќе одржи истакнатиот кинески филозоф Оујанг Канг (Ouyang Kang), на тема: GENERATIVE ARTIFICIAL INTELLIGENCE AND ITS MEANINGS IN THE PERSPECTIVE OF SOCIAL EPISTEMOLOGY. Д-р Оујанг Канг, професор и директор на Институтот за филозофија, директор на Институтот за социјални информациски студии, главен уредник на списанието за […]

Пратениците на ЕУ го поддржаа задолжителното микрочипирање на домашните миленици


Брисел– Европскиот парламент ги одобри првите правила на ниво на Европската Унија за подобра заштита на мачките и кучињата. Според новите правила, во иднина, мачките и кучињата во ЕУ мора да бидат идентификувани преку микрочипови и регистрирани во интероперабилни национални бази на податоци за справување со незаконска трговија со животни. Обврската ќе важи за продавачите, […]

Кралот Чарлс го бранеше и фалеше НАТО во американскиот Конгрес


  Кралот Чарлс ја возвиши важноста на „специјалниот однос“ на Велика Британија со САД во говорот пред Конгресот, во кој се осврна на важноста на НАТО, одбраната на Украина и климатската криза. Во говорот што ќе се чита како прикриен апел до Доналд Трамп да се врати на традиционалните европски сојузи на САД и да […]

Утрово најладно во Берово и Лазарополе, најтопло во Виница


 Утрово најниска температура од 4 степени целзиусови е измерена во Берово и Лазарополе, а највисока во Виница каде се регистрирани 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Mаврови Анови се измерени 5 степени, 6 во Тетово, Попова Шапка и Битола, 7 во Охрид, Претор и Струмица, 8 во Прилеп, Скопје – Петровец, Велес и […]

Тејлор Свифт поднесе барање за заштита на гласот и ликот од злоупотреба со вештачка интелигенција


Вашингтон – Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт поднесе барања за заштита на аудиоснимките со својот глас и лик, со цел да спречи злоупотреба со вештачка интелигенција. „Свифт поднела пријава за заштита на две аудиоснимки од својот глас, на кои го промовира новиот албум „Животот на шоу-девојка“ („The Life of a Showgirl“), каде што вели: Хеј, јас сум […]

Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ на Жерновски во македонскиот павилјон на Венециското биенале


Во Венеција денoвиве заминува уметникот Велимир Жерновски и тимот од Музејот на современата уметност – Скопје што го организираат македонското претставување на престижното 61. Биенале за уметност. Тие веднаш ќе почнат со поставување на монументалната инсталација „Дали моите очи ќе бидат затворени или отворени?“, која е дел од проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“, на […]

На Вардариште повторно се носат камиони отпад, двапати и гореше – по 1 мај ќе бидат блокирани приодите


Неформалната депонија Вардариште, повторно во два наврати гореше изминатите седмици, а од иницијативата Стоп за Вардариште алармираа, по што вчера одржале средба со надлежните од Град Скопје, каде им било ветено блокирање на приодите, дополнителни камери, постојано присуство на инспектори, хумано згрижување на луѓето кои таму живеат во импровизирани куќи…   Сето ова се ветува […]

 „Сетилност и синестезија“ – есеи за македонската поезија и уметност од Иван Џепароски


„Матица македонска“ ја објави книгата „Сетилност и синестезија“ од Иван Џепароски — ново есеистичко, книжевно-критичко и естетичко остварување што ги отвора прашањата за сетилноста и синестезијата во книжевноста, визуелните уметности, естетиката и филозофијата на културата. Книгата е структурирана во четири поглавја: „Поезијата, сетилноста и синестезијата“, „Визуелните уметности и сетилноста“, „Естетиката и книжевноста“ и „Културата и […]

Банкарскиот систем е сигурен, сочувани ценовната и финансиската стабилност, оцени НБ


Советот на Народната банка, на редовната седница, ги усвои Годишниот извештај за 2025 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2025 година, при што беше оценето дека централната банка успешно ги остварувала своите цели во текот на годината, придонесувајќи за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Во Годишниот извештај се истакнува дека 2025-тата […]

Забавено губењето на дождовните шуми


Иако тропските дождовни шуми продолжуваат да се губат, намалувањето се забавува по рекордното ниво во 2024 година, соопшти Светскиот институт за ресурси (WRI). Во 2025 година, се изгубени 4,3 милиони хектари тропска примарна дождовна шума, површина приближно со големина на Данска, според податоците од лабораторијата GLAD на Универзитетот во Мериленд. Сепак, тоа е 36 проценти […]

Предвремени избори на Косово, Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата


 Косово се насочува кон нови предвремени избори, откако Парламентот не успеа во предвидениот рок да избере нов претседател на државата. Синоќа на полноќ истече рокот што Парламентот го имаше за избор на шеф на државата. Мандатот на претседателката Вјоса Османи истече на почетокот на април, а премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка од […]