Утрово најладно во Берово и Лазарополе, најтопло во Виница
Утрово најниска температура од 4 степени целзиусови е измерена во Берово и Лазарополе, а највисока во Виница каде се регистрирани 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Mаврови Анови се измерени 5 степени, 6 во Тетово, Попова Шапка и Битола, 7 во Охрид, Претор и Струмица, 8 во Прилеп, Скопје – Петровец, Велес и Гевгелија, 9 во Крива Паланка, Демир Капија, Kрушево, Куманово, Штип, Скопје – Зајчев Рид и Кавадарци.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.