Белгискиот министер за надворешни работи од утре во Македонија


Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево, утре ќе престојува во дводневна посета на земјата на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што соопшти МНРиНТ, во рамките на својата прва посета на земјата министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, […]

Градоначалникот Ѓорѓиевски со ароганција ги обвинува вработените на ЈСП, тврди Левица


  Партијата Левица преку соопштение денеска изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со „недозволиво ниво на ароганција и неодговорност“ обвинувајќи ги вработените во ЈСП „Скопје“ дека со своите тужби го блокирале претпријатието. Работниците по судски пат да ги бараат своите загарантирани права. „Ваквиот пристап претставува опасен обид да се криминализира легитимното барање на […]

Орбан падна, ЕУ пак се колеба за Украина и за проширувањето


  БРИСЕЛ – Визијата на Урсула фон дер Лајен за значително проширена Европска Унија што ја вклучува Украина се соочува со тешка пречка: Многу сегашни членки не сакаат да зборуваат за тоа. Стравот од давање муниција на популистите, кошмарните национални референдуми за секоја нова земја што се приклучува и колективната траума од справувањето со Унгарија […]

Сопругата на шпанскиот премиер Санчез обвинета за корупција


  Бегоња Гомез, сопругата на шпанскиот премиер, Педро Санчез, е обвинета за проневера, злоупотреба на влијание, корупција во деловните зделки и злоупотреба на средства на крајот од двегодишна истрага од страна на судија во Мадрид. 55-годишната Гомез е обвинета за користење на своето влијание како сопруга на социјалистичкиот премиер за да обезбеди и управува со […]

Таткото на Васил Јованов не му давал да вози без возачка, сведочат блиски од семејството


 Васил, дури откога положи теоретски дел и дојде на ред полагање за градско возење, откако првиот пат падна, покажа интерес да се проба со возилото, но сопругот беше категоричен дека тоа нема да се случи додека не положи – изјави Ана Јованова, мајката на Васил Јованов, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје […]

УЕФА ја отфрли жалбата на Барселона за судењето во Лигата на шампионите


Прес-службата на Комисијата за контрола, етика и дисциплина на Унијата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја прогласи жалбата на Барселона против судењето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (0:2) за неприфатлива. -По првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, кој се одржа на […]

Ако САД ги зголемат царините, Кина ќе одговори со контрамерки, предупредува Пекинг


Кина се закани со противмерки ако САД „продолжат со зголемување на царините“ за што Пекинг тврди дека се засновани на лажни медиумски написи за наводна кинеска воена помош за Иран. – Извештаите во медиумите, во кои се обвинува Кина дека му обезбедува воена помош на Иран, се целосно измислени. Доколку САД продолжат да ги зголемуваат […]

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција


Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува […]

Квин Латифа домаќин, Тејлор Свифт со најмногу номинации на АМА 2026


Номинациите за Американските музички награди се објавени, а некои значајни новодојденци се рамо до рамо со најголемите музички имиња. Целосните номинации за 52-то годишно шоу беа објавени во вторник, 14 април, откривајќи дека Тејлор Свифт е на чело со осум номинации за нејзиниот албум „Life of a Showgirl“. Церемонијата на доделување награди, чиј домаќин ќе […]

(ВИДЕО) Зеленски ја претстави армијата од роботи што му носи победи


За прв пат во војната, непријателска позиција беше целосно освоена од копнени роботски системи и беспилотни летала – без пешадија. Робот влезе во најопасните зони наместо војник и ги зазеде позициите, објави украинскиот претседател Володомир Зеленски, покажувајќи ја својата војска од роботи. ‼️ ZELENSKYY: For the first time in the war, an enemy position was […]

Трамп ги пречека холандскиот крал и кралица, камерите го забележаа незгодниот момент (видео)


Вашингтон – Доналд Трамп ги нагости кралот Вилем-Александар и кралицата Максима од Холандија во Белата куќа во понеделник. Иако не беше официјална државна посета, средбата вклучуваше вечера со Трамп и првата дама Меланија, а еден збунувачки момент за време на фотосесијата го привлече вниманието на јавноста. President Donald J. Trump and the First Lady welcome […]

Судир меѓу Маѓар и Вучиќ: Дали експлозивот кај „Турски тек“ беше предизборна режија?


Петер Маѓар, победникот на неодамнешните избори кој стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, отворено изрази сомнеж дека инцидентот со пронајдениот експлозив кај гасоводот „Турски тек“ во Србија бил операција под „лажно знаме“, темпирана токму за изборната кампања. Маѓар најави дека неговата идна влада детално ќе истражи дали навистина постоела реална опасност или целиот […]

Палмер: Заминувањето на Верстапен од Ред Бул изгледа неизбежно, тоа е колапс на една империја


 Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. – Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува […]

Лидерот на словенечката десничарска партија најавува референдуми за излегување од НАТО, ЕУ и СЗО


Лидерот на словенечката крајно десничарската антисистемска партија Ресница, Зоран Стевановиќ, изјави дека партијата поддржува распишување референдуми за излегување од НАТО, Светската здравствена организација и Европската Унија, но додаде дека верува оти граѓаните во Словенија најверојатно не би ги поддржале таквите одлуки. Tој истакна дека Словенија има значително повеќе придобивки од членството во Европската Унија отколку […]

Вучиќ најави враќање на воената служба од 1 март следната година: „Касарните ќе бидат како нови фабрики“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е реално обврската за служење воена служба да се обнови до 1 март следната година и оцени дека по тоа „земјата ќе биде многу посилна“. Вучиќ рече дека воената служба ќе трае 75 дена и дека е „детска игра“ во споредба со 365 дена колку што беше […]

„Кула крај море“ – Влада Урошевиќ има нова поетска збирка


„Кула крај море“ е една од најзрелите и најмистично градени поетски збирки на академик Влада Урошевиќ. Синтеза на речиси сите негови опсесии: митот, сонот, симболот, метафизиката, морето и огледалото на зборот. Збирката е подредена како серија визии, секоја песна како камен во мозаикот на едно големо алегориско градење – кулата како место на созерцание, чекање […]

Девојче заврши во болница по пад од тротинет во Богданци


Вчера, во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Поранешен германски фудбалер почина по чудна несреќа и судир со елен


Пoранешниот германски бундеслигашки фудбалер Рајнер Виршинг почина на 63-годишна возраст по бизарна несреќа во близина на неговиот дом во Бад Кисинген. Виршинг, кој одигра 72 натпревари во највисоката лига на германскиот фудбал, загина во судир со елен додека возеше велосипед. Неверојатна несреќа Несреќата се случила додека Виршинг бил на редовен тренинг за велосипедизам на федералниот […]

„Сатирата во името на смеата“ – самостојна изложба на Мице Јанкуловски во „Остен“


 „Сатирата во името на смеата“ е насловена самостојната изложба на Мице Јанкуловски, на која се претставени сатирични слики во техника масло на стакло. Изложбата е отворена во галеријата „Остен“ денеска и ќе може да се посети до идниот вторник, 21 април. „Остен“ соопшти дека мултимедијалниот уметник Јанкуловски ја истражувал ретката и фасцинантна техника на сликање […]

Избори за нов ректор на УКИМ на 28 април, кандидати се Биљана Ангелова и Дарко Данев


 По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, […]