(ВИДЕО) Зеленски ја претстави армијата од роботи што му носи победи


За прв пат во војната, непријателска позиција беше целосно освоена од копнени роботски системи и беспилотни летала – без пешадија. Робот влезе во најопасните зони наместо војник и ги зазеде позициите, објави украинскиот претседател Володомир Зеленски, покажувајќи ја својата војска од роботи.

„Иднината е тука, на бојното поле, а Украина ја создава. Ова се нашите копнени роботски системи. За прв пат во историјата на оваа војна, непријателска позиција беше заземена исклучиво од беспилотни платформи и беспилотни летала на ГРС. Окупаторите се предадоа, а оваа операција беше завршена без вклучување на пешадијата и без загуби од наша страна. Рател, Термит, Ардал, Ринкс, Змиј, Протектор, Воља и други ГРС завршија над 22.000 мисии на фронтот за само 3 месеци.

Со други зборови, над 22.000 пати беа спасени животи. Робот влезе во најопасните зони наместо војник“, порача Зеленски до работниците на одбранбено-индустрискиот комплекс на Украина.