Девојче заврши во болница по пад од тротинет во Богданци


Фото: Независен

Вчера, во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци.

Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.