Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина


Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека пристапувањето на неговата земја во Европската Унија е клучен дел од мировен договор за завршување на војната со Русија, јави ДПА. Во синоќешното видео-обраќање  тој уште ја посочи „реконструкцијата на нашата земја по војната“ како предуслов за „вистински мир во Европа“. Зеленски, исто така, рече дека границите и […]

Меланија ги пречека Чарлс и Камила во хит боја од минатата сезона


Вашингтон – Првата дама на САД Меланија Трамп изгледаше многу елегантно во костум во боја на путер додека таа и нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, ги пречекаа кралот Чарлс и кралицата Камила во Вашингтон во државна посета. Четворката позираше пред јужниот трем на Белата куќа, а Меланија блескаше во жолт костим со двојно копчање и […]

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев


Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември […]

СВП ќе ги сооопшти програмата и добитникот на наградата „Мостови на Струга“ 


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Мостови на Струга“ што се доделува за најдобар дебитантски млад автор во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. На прес-конференцијата закажана во 12 часот, ќе биде презентирана и програмата на годинашното 65. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.  […]

Промоција на книгата „Танцот на времето“ од Ели Маказлиева


Во рамки на Саемот на книгата денеска ќе биде промовирано најновото поетско остварување на Ели Маказлиева насловена „Танцот на времето“ во издание на „Бата прес“.  Промотивна реч ќе има проф. д-р Елизабета Бандиловска, а стихови ќе чита и ќе го модерира настанот актерката Софија Насевска Трифуновска. „Танцот на времето“ е современо поетско остварување кое носи […]

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел


Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел.  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел […]

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 април 2026 година, 118-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  247 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 34 минути, а ќе зајде во 19 часот и 29 минути. Денов трае 13 часа и 54 минутa. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Мбапе ќе го пропушти дуелот со Барселона


Фудбалерот на Реал Мадрид Килијан Мбапе ќе мора да направи пауза поради повреда на мускулот на левата нога, соопштија од Реал Мадрид. Тоа значи дека ќе пропушти неколку натпревари во финишот на сезоната.  Клубот не даде точна информација до кога францускиот репрезентативец ќе биде надвор од теренот. Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе би можел да […]

Камерите на Безбеден град во Охрид и во Струга ќе профункционираат пред сезоната


Во пресрет на туристичката сезона, камери на „Сејф Сити’ ќе добијат и Охрид и Струга, а вакви камери веќе има и на патот Охрид-Кичево. Во Охрид и Струга се поставуваат 40 сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, а проектот засега е во фаза на техничко тестирање и прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите се […]

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања


Турската влада планира сеопфатни даночни олеснувања во обид да ги привлече бизнисите и иселениците назад во земјата, пренесе ДПА. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека секој што не бил даночен резидент во Турција во последните три години, нема да мора да плаќа данок на приходот заработен во странство во период од 20 години […]

Лажела дека собира пари за лекување на болно дете и ќарила 3.300 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против Х.М.(19) од село Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 довела во заблуда повеќе луѓе така што лажно […]

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието


Ние никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието. И тоа е само уште еден спин на премиерот, кој што сака да го прикаже во јавноста како некое наше бегање од работата во институциите, изјави  денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче во одговор на новинарско прашање околу измените на Законот за Влада со […]

Грејс Кели, Одри Хепберн или Лиз Тејлор: Која имаше најскап свршенички прстен? 


Принцезата Грејс, Одри Хепберн и Елизабет Тејлор добија некои од најпознатите свршенички прстени во историјата. Сите три актерки се венчаа приближно во исто време: Хепберн се омажи за својот прв сопруг, Мел Ферер, на интимна церемонија во Биргеншток, Швајцарија, во септември 1954 година, а две години подоцна, Грејс, која беше позната како Грејс Кели пред […]

Македонските селекции финалните дуели на Светското училишно првенство ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“


 Двата финални натпревара на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје македонските селекции (момчиња и девојчиња) ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“. Први на терен ќе се појават кадетките, кои во финалето ќе играат против Хрватска, а почетокот на овој дуел е во 14 часот. Кадетите два часа подоцна во финалето […]

Шефот на „Визер“: Европа нема да остане без гориво за авиони ова лето


Нискобуџетната унгарска авиокомпанија  „Визер“ планира 17 проценти повеќе летови ова лето отколку минатата година, со фокус на раст на пазарите на Балканот и Кавказ, изјави извршниот директор Јожеф Варади. „Оваа година сме многу посилни во летните резервации отколку минатата година“, им рече Варади на новинарите на брифинг. „Визер“ обезбеди 70 проценти од своите потреби за […]

Кимел ја нарече вдовица, Меланија Трамп побара од ABC да преземе мерки


Првата дама Меланија Трамп ја повика ABC да преземе мерки во понеделник откако доцновечерниот водител Џими Кимел се пошегува дека првата дама станува „вдовица“ – само неколку дена пред претседателот Доналд Трамп да биде цел на трет обид за атентат врз него. За време на пародичен говор на вечерата на Здружението на дописници од Белата […]

Екстремни врнежи од дожд во Кина – предизвикаа масовни поплави


Кинџоу, во јужната кинеска автономна покраина Гуангси, е погоден од силни и екстремни врнежи од дожд кои предизвикаа масовни поплави и значителни штети во урбаните и руралните подрачја. Локалните власти соопштија дека во неколку делови од градот водата брзо се акумулирала поради интензивните врнежи, поплавувајќи улици, станбени објекти и земјоделски површини. Дел од сообраќајниците се […]

„Пулс“ не е последица само на еден фактор – затоа обвинението е за сите


Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, влегува во фаза на изведување материјални докази. Обвинителствто, на брифинг со медиумите, денеска информираше дека утре се очекува во судницата во „Идризово“ да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите […]

Агенцијата „Мудис“ го ревидираше кредитниот рејтинг на Кина на „стабилен“


Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ ги ревидираше изгледите за кредитниот рејтинг на Кина од „негативен“ на „стабилен“, наведувајќи дека економијата на азиската земја покажала поголема отпорност од претходно очекуваната, и покрај глобалните и домашните предизвици. Агенцијата го наведе одржливиот економски раст на Кина и ефикасното управување со долгот како клучни причини за оваа одлука, објавува […]