Екстремни врнежи од дожд во Кина – предизвикаа масовни поплави


Кинџоу, во јужната кинеска автономна покраина Гуангси, е погоден од силни и екстремни врнежи од дожд кои предизвикаа масовни поплави и значителни штети во урбаните и руралните подрачја.

Локалните власти соопштија дека во неколку делови од градот водата брзо се акумулирала поради интензивните врнежи, поплавувајќи улици, станбени објекти и земјоделски површини. Дел од сообраќајниците се непроодни, а екипи за итни интервенции се на терен за евакуација на загрозени жители и испумпување на вода.

Метеоролошките служби предупредуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, со можност за нови обилни врнежи и дополнително влошување на состојбата. Жителите се повикани на претпазливост, особено во ниските и поплавени подрачја.

Спасувачките служби продолжуваат со операциите за справување со последиците од поплавите, додека се проценува материјалната штета.