Мбапе ќе го пропушти дуелот со Барселона


Фудбалерот на Реал Мадрид Килијан Мбапе ќе мора да направи пауза поради повреда на мускулот на левата нога, соопштија од Реал Мадрид. Тоа значи дека ќе пропушти неколку натпревари во финишот на сезоната. 

Клубот не даде точна информација до кога францускиот репрезентативец ќе биде надвор од теренот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе би можел да отсуствува и повеќе денови и на тој начин да го пропушти „Ел Класико“. Гостинскиот натпревар кај Барселона е закажан за 10.мај.

На пет кола до крајот Барселона има 11 бодови предност во однос на Реал Мадрид и најверојатно ќе ја одбрани титулата шампион на Шпанија.