Македонските селекции финалните дуели на Светското училишно првенство ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“


 Двата финални натпревара на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје македонските селекции (момчиња и девојчиња) ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“. Први на терен ќе се појават кадетките, кои во финалето ќе играат против Хрватска, а почетокот на овој дуел е во 14 часот. Кадетите два часа подоцна во финалето ќе играат против Израел.

Во денешните полуфинални дуели кадетите ја победија Србија со 30:19, додека кадетките постигнаа победа над Турција со 30:22.

Влезот на натпреварите е слободен, а со поддршка од трибините македонските селекции можат да стигнат златните медали.