СВП ќе ги сооопшти програмата и добитникот на наградата „Мостови на Струга“ 


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Мостови на Струга“ што се доделува за најдобар дебитантски млад автор во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.

На прес-конференцијата закажана во 12 часот, ќе биде презентирана и програмата на годинашното 65. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. 

Покрај оваа награда, се доделува и главната меѓународна награда „Златен венец“ на светски познат жив поет за животно дело во областа на поезијата, како и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра книга објавена меѓу две фестивали. 

Холандската поетеса Aнеке Брасинга е добитничка на „Златен венец“ на СВП за 2026

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ е востановен во 1961 година во Струга, а до 1966 година прерасна во меѓународен културен фестивал.