Црна Гора затвора уште едно поглавје во преговорите со ЕУ: Утре меѓувладина конференција за транспортни мрежи


Во вторник, 17 март, Црна Гора треба привремено да затвори уште едно преговарачко поглавје во процесот на пристапување кон Европската Унија. Станува збор за Поглавје 14 – „Трансевропски транспортни мрежи“, кое се однесува на хармонизација на националната транспортна инфраструктура со европските транспортни коридори. Меѓувладината конференција на која ќе се затвори поглавјето е планирана за вторник […]

Израел го разгледува францускиот план за мир со Либан


Израел разгледува француски предлог според кој Либан формално ќе ја признае државата Израел во замена за гаранции дека воздушните напади ќе престанат и дека израелските трупи ќе се повлечат од пет стратешки локации на југот на земјата. Ова се области што се наоѓаат спроти населбите на северот од Израел и каде што израелската армија ги […]

Зошто Емиратите се цел на иранските ракети?


Најмалку единаесет земји беа нападнати од Иран како одмазда за тековните напади на САД и Израел, но ниедна земја, освен Израел, не е посилно погодена од Емиратите. ОАЕ тврдат дека пресретнале над 90% од дојдовните закани со ракети и беспилотни летала од Иран. Од 12 март, 13-тиот ден од војната, официјалните бројки од Министерството за […]

Саудиска Арабија пресретнала повеќе од 60 дронови, нападнати и ОАЕ


Саудиска Арабија пресретнала и уништила повеќе од 60 дронови изминатата ноќ во богатиот со нафта источен дел од земјата, соопшти рано утрово саудиското Министерство за одбрана. Најголемите нафтени полиња и објекти во земјата се наоѓаат околу Абкаик и биле цел на повеќекратни напади во војната со Иран. Министерството објави нова услуга што ќе им овозможи […]

Жоан Лапорта по трет пат избран за претседател на Барселона


Жоан Лапорта повторно победи на изборите за претседател на ФК Барселона, објави прес-службата на каталонскиот тим. Гласањето се одржа на 15 март. Конечните резултати беа објавени ноќеска. Лапорта доби 68,18 проценти од гласовите (32.934), лесно победувајќи го својот единствен ривал, Виктор Фонт, кој доби 29,78 проценти (14.385). Шеесет и тригодишниот Лапорта е претседател на ФК […]

Истражување: Според научниците, Леонардо да Винчи има 14 живи потомци


„Во Италија живеат 14 потомци на генијалниот сликар Леонардо да Винчи (1452–1519)“, известува италијанскиот весник Авенире  (Avvenire). Новото семејно стебло на семејството Да Винчи го утврдиле професорите Александро Вецози и Ањезе Сабато, а резултатите од своето десетгодишно истражување ги објавиле во научното списание Хјуман еволушн („Human Evolution„). Наследниците на ренесансниот гениј, автор на прочуената Мона […]

10 најголеми изненадувања на Оскарите 2026


Лос Анџелес  – 98-мото доделување на наградите „Оскар“ заврши, и како и многу пати во текот на сезоната на награди, имаше моменти што ги изненадија и режисерите и публиката. Подолу, ви донесуваме преглед на најголемите шокови и пресврти на вечерта. Изненадување во главната категорија Како што објави „Варајети“, по неизвесната трка што стануваше сè понапната, […]

Долгот кон домашните кредитори достигна 4,3 милијарди еврa, за една година зголемен за половина милијарда


Приватните пензиски фондови, осигурителните компании и банкарите – остануваат најголеми финансиери на државата. Заемите што и ги дале на Владата по основ на државни хартии од вредност се “бројат“ во неколку милијарди евра. На крајот на февруари годинава долгот на државата по основ на државни хартии од вредност изнесувал 4.310.000.000 евра, со тенденција на континуиран […]

Најмногу политика на Оскарите досега: Од Палестина до вештачка интелигенција


Лос Анџелес – Годинешното 98-мо доделување на наградите „Оскар“ ќе се памети како едно од политички најангажираните, со бројни победници и презентери кои ја искористија можноста да зборуваат за итни светски прашања. Иако филмот „Една битка по друга“ доминираше во вечерта, импресивните говори на Пол Томас Андерсон, Хавиер Бардем и водителот Конан О’Брајан потсетија на […]

Хавиер Бардем со беџ на Оскарите кој го носеше пред 23 години


Лос Анџелес – Шпанскиот актер Хавиер Бардем го искористи синоќа 98-мото доделување на Оскарите за да испрати силна политичка порака. На црвениот тепих, тој носеше беџ на кој пишуваше „Не а ла гера“ или „Против војната“. Тој ја нагласи пораката уште повеќе на сцената, каде што ја додели наградата за најдобар меѓународен филм со Пријанка […]

Џими Кимел на Оскарите се потсмеваше на документарецот за Меланија


Лос Анџелес – Водителот Џими Кимел ја искористи можноста да се пошегува за Меланија Трамп и нејзиниот документарец „Меланија“, објавен во јануари оваа година на синоќешното доделување на Оскарите. Додека ја најавуваше наградата за најдобар документарен филм, Кимел алудираше на работата на првата дама, пишува „Унилад“. „Постојат документарци каде што само шетате низ Белата куќа […]

Пробиштип оддава почит на жртвите во пожарот во кочански „Пулс“


Пробиштип денеска им оддава почит на 63 жртви во пожарот во кочански „Пулс“. Во пожарот згаснаа животите на четири граѓани на Пробиштип. Општина Пробиштип и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски утринава на социјалните мрежи напишаа: „Понекогаш времето не ги лекува раните, туку само не учи како да живееме со празнината“.  – Овој 16-ти март […]

Потрага по нова планета на која има живот


Научници ширум светот трагаат по можноста за постоење на одреден облик на живот на планети во Вселената, а едно неодамнешно откритие дава надеж дека тоа навистина постои. Имено, сè уште непотврдени истражувања укажуваат дека можеби е пронајдена планета на која би можел да постои живот. Тоа небесно тело, оддалечено 117 светлосни години од Земјата, кружи […]

Каја Калас ја нарече одлуката на САД за олеснување на нафтените санкции против Русија „опасен преседан“


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја оцени како „опасен преседан“ одлуката на САД привремено да ги олесни санкциите против извозот на руска нафта. – Русија треба да има помалку, а не повеќе средства да води војна – додаде Калас пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за […]

Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје – Зајчев Рид


 Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус четири степени, а највисоката во  Скопје – Зајчев Рид, четири степени. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово се измерени минус четири степени, Маврови Анови минус два, минус еден степен е измерен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Kрушево, […]

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел


Вашингтон – Суровата нафта Брент денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран.  Цената на барел Брент, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 отсто и денеска изнесува 104,73 долари, пренесуваат светските агенции. Американската референтна сурова нафта порасна за […]

Синер го освои трофејот во Индијан Велс


Индијан Велс – Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс. Во меч што траеше 1 час и 58 минути Синер двата сета ги доби на тај-брејк со 7:6 (8-6) и 7:6 (7:4). Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи две […]

Министрите на ЕУ ги разгледуваат вртоглаво високите цени на енергијата додека војната во Иран продолжува


Министрите за енергија на Европската унија треба да ги разгледаат последиците од конфликтот на Блискиот Исток додека потрошувачите и бизнисите во блокот се соочуваат со зголемени цени на енергијата, пренесе ДПА. Само во првите 10 дена од војната, цените на гасот во ЕУ се зголемија за 50 проценти, а цените на нафтата за 27 отсто, […]

Прекин во водоснабдувањето на дел од улицата Железничка и кај „Неуромедика“


Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на […]

Без струја делови од Карпош и Волково


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош, Волково и Кисела Вода, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиено известување од ЕВН. -Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 16.03.2026 година (Понеделник) без електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 12:30 часот, корисниците […]