Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 16 март 2026 година, 75-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  290 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 17 часот и 41 минути. Денов трае 11 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар


Холивуд – Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите синоќа во театарот „Долби“  за да го прими својот трет Оскар за неговата споредна изведба во „Една битка по друга“, а тоа не помина без мала шега од човекот кој ќе му ја доделеше статуетката, Киран Калкин. Пред да го отвори пликот, добитникот на […]

Оскари 2026: „Една битка по друга“ е најдобар филм


Лос Анџелес – Уште една Оскарска ноќ заврши. Имаше сè, од очекувани триумфи до изненадувања кои беа во најдобар случај умерени оваа вечер. Светлата на театарот Долби се изгаснаа, гламурот на црвениот тепих се пресели на забавите по прославата, а за овие филмови само ќе се дискутира. Веројатно. Да почнеме со најважното. Престижната награда за […]

Оскари 2026: Наскоро почнува церемонијата. Ѕвездите пристигнуваат на црвениот тепих


Пристигна најголемата филмска ноќ во годината – Оскарите. Церемонијата на доделување на Оскарите во Лос Анџелес ќе ја води комичарот и телевизиска личност Конан О’Брајан втора година по ред, а преносот може да се гледа од полноќ. Хорор филмот Грешници, во режија на Рајан Куглер, доби импресивни 16 номинации за Оскар, што го прави еден […]

Сабаленка ја победи Рибакина во финалето на турнирот ВТА 1000 во Индијан Велс


Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои турнирот ВТА 1000 во Индијан Велс (САД). Во финалето вечерва светската тенисерка број еден ја победи Елена Рибакина од Казахстан, која е трета во светот, во три сета – 3:6, 6:3 и 7:6 (8:6). Натпреварот траеше 2 часа и 34 минути. Белорусинката сервираше 10 аса, направи три двојни грешки […]

Вардар направи голем исчекор кон трофејот, совладан е Еурофарм Пелистер во Битола


Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Еурофарм Пелистер со 27:22 во дербито на плејофот на македонското првенство. До големата победа „црвено-црните“ дојдоа по извонредното второ полувреме кое го решија во своја корист со 16:10. По оваа победа Вардар има огромни шест бода предност на врвот на табелата, додека Пелистер остана на 40 бода, исто колку […]

Ракетиран аеродромот во Багдад


Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Засега не е познато кој ги истрелал проектилите. Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак. Од почетокот на американско-израелските […]

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“


Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, утре, без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на […]

Израел уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран, вели портпаролот на израелската армија


Портпаролот на израелската армија, Ефи Дефрин денеска изјави дека Израел планира да ги продолжи нападите врз Иран најмалку уште три недели. – Подготвени сме, во координација со нашиот американски сојузник, а нашите планови се најмалку до Пасха, за околу три недели. Исто така имаме детални планови за следните три седмици, посочи Дефрин. Toj додаде дека […]

Германската влада им објавува војна на бензинските пумпи


Новото германско законодавство наметнува строги ограничувања на трговците со нафта и го префрла товарот на докажување при зголемување на цените, но конзервативните германски експерти предупредуваат на стапици. Во обид да ги заштити потрошувачите од ненадејни флуктуации на цените на горивата, германската влада подготви нацрт-закон со кој драстично се ограничува слободата на бензинските пумпи да ги […]

Трагедијата ја поттикна солидарноста: Лекарите за лекувањето на настраданите од пожарот во Кочани


На панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“ зборуваа повеќе лекари кои беа директно вклучени во помошта што им се пружи на настраданите во страотната трагедија. Еве некои поенти: Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: […]

Војната влегува во третата недела. Трамп се соочува со растечка јавна загриженост


Две недели откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, претседателот Доналд Трамп е во дефанзива. Тој се соочува со растечка јавна загриженост поради бројот на жртви во САД, зголемувањето на цените на нафтата и падот на финансиските пазари, а истовремено се бори и со критики дури и од некои од неговите поддржувачи, бидејќи неговиот […]

Кувајтски медиуми: Новиот лидер на Иран тајно префрлен во Москва, по предлог на Путин


Новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи е префрлен во Москва во строга тајност, каде што е хоспитализиран поради неговото здравје и безбедност, објави денес кувајтскиот портал Ал-Џарида. Висок извор близок до Хамнеи изјави за Ал-Џарида дека бил транспортиран со руски воен авион и бил успешно опериран по пристигнувањето и дека моментално се лекува во приватна болница […]

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети


 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за „Фајненшл тајмс“ истакна дека преговорите за Украина се на пауза бидејќи САД имаат други приоритети поврзани со конфликтот на Блиски Исток. – Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да […]

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток


Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и […]

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт


Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон. Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили. Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници. – Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт […]

И медицинскиот и немедицинскиот персонал, дишевме како едно: Сведоштво за кобната ноќ по пожарот во Кочани


За жал, еве скоро точно една година од немилиот настан тешко е да се говори. А кога говорам, говорам како мајка, говорам како сопруга, како родител, како ќерка, како професионалец, како човек, и сеуште говорам со една горчина и болка болка во душата. Оваа трагедија никогаш не може да биде заборавена. Ова е вкоренета трагедија. […]

„Кочани ви благодари“: Признанија за медицинарите кои се бореа за спас на настраданите во „Пулс“


Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на  министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен […]

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги обвини европските сојузници дека го уценуваат Киев за повторно да го отвори нафтоводот Дружба, преку кој се транспортира руска нафта во Унгарија и во Словачка. Киев тврди дека нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, е оштетен при руски напад во јануари и уште не е поправен. – Повторното […]