УЕФА ја откажа Финалисима 2026, ништо од дуелот Аргентина – Шпанија


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави откажување на Финалисима 2026. Натпреварот меѓу победниците на Европското првенство и Копа Америка во 2026 година е откажан поради неможноста да се договори датум и место.  Средбата Аргентина – Шпанија првично беше закажана да се одржи во Катар, но беше одложена поради ескалацијата на воениот конфликт на Блискиот Исток. Според […]

Маж пријавил напад од четири лица во подземна гаража во Центар, едно било вооружено


Триесет и седумгодишен скопјанец вчера пријавил во СВР Скопје дека тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица во подземна гаража на подрачјето на Центар, при што тројца од нив физички го нападнале, а едно лице било вооружено со огнено оружје. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека според пријавата од И.Т. настанот се […]

Гардијан: Економските последици од војната во Иран би можеле да доведат до изборен пораз на Трамп


Војната во Иран е многу непопуларна кај Американците, а зголемувањето на цените на нафтата ќе значи повисоки цени на долг рок во речиси секоја област. Ова би можело да доведе до изборен пораз на Доналд Трамп, пишува Гардијан во својата анализа. Во ноември оваа година, САД избираат цел Претставнички дом и една третина од сенаторите […]

Левица: Стотици млади правници оставени во неизвесност поради партиски препукувања и калкулации на власта


Иако постојат јасни законски процедури за организирање на правосудниот испит, стотици млади правници кои навремено се пријавиле и уредно ги уплатиле потребните средства останаа без можност да го полагаат испитот во февруарската испитна сесија, која требаше да се одржи од 2 до 20 февруари 2026 година, стои во соопштението на Левица. „Скандалозната неодговорност на Министерството […]

ЦЕНТКОМ: Иранците лажат дека носачот на авиони „Абрахам Линколн“ е онеспособен


Американската централна команда (CENTCOM) денеска ја обвини Исламската револуционерна гарда (IRGC) за ширење лажни тврдења за носачот на авиони „Абрахам Линколн“ за тоа дека бродот е „онеспособен“. „Ударната група на носачите на авиони „Абрахам Линколн“ продолжува да одржува целосна доминација над иранскиот воздушен простор од поморскиот простор“, се наведува во соопштението од Командата на платформата […]

Утре почнува дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска


Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на Данска и Македонија соопшти дека од почетокот на следната недела ќе почне со дистрибуција на влезниците. Сите оние кои купиле билети за секторот кој е предвиден за навивачите на македонската репрезентација од понеделник на своите електорнски адреси ќе ги добијат влезниците. – Според […]

Фрчкоски: Постои бизнис мрежа на Мицкоски во енергетиката


СДСМ денеска на прес – конференција изнесе сериозни обвинувања за, како што велат, „бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката“. Од СДСМ велат дека започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, […]

Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба, вели шефот на иранската дипломатија


Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека новиот ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, е „во добра здравствена состојба“ и „целосно ја контролира ситуацијата“. Арагчи додаде дека Иран ја поздравува секоја „регионална иницијатива што води кон праведен крај на војната“, но нагласи дека „во моментов нема конкретни иницијативи на маса за завршување на војната“. Што […]

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните


 Повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се натпреваруваа на кошарски терен, а по тој повод на отварањето на натпреварот присуствуваше министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ- Мирчовска. Министерот за здравство, Алиу истакна дека во рамките на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани Владата организира […]

Почнува кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата ја започнуваат новата теренска кампања „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство. Ова денеска го најави министерот Цветан Трипуновски. Во рамки на кампањата, два големи тима ќе посетат повеќе […]

СДСМ: Само од поскапиот дизел граѓаните платиле 3 милиони евра повеќе


СДСМ денеска преку соопштение уште една побара Владата да интервенира кај цените на нафтените дериавти кои во понеделниокот поскапеа значително. Според СДСМ за само една недела македонските граѓани платите 3 милиони евра повеќе само кај дизелот чија цена се зголеми за 14 денари за литар. „Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување […]

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија


 По повеќе од половина век посветеност на поетската реч, еден од најистакнатите македонски поети на XX и XXI век, Раде Силјан, почнува нова творечка фаза во својата поезија. Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ ја објави неговата нова поетска книга „Пајажина“ – стихозбирка што се доживува и интерпретира како ново поглавје од поетската […]

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно


Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни во градењето здрава и одржлива економија. На средба организирана од Управата за јавни приходи преку Советот за даночна усогласеност на тема „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“, државните институции и бизнис заедницата разговараа за конкретни мерки и партнерски пристап во намалувањето на сивата економија. Средбата претставуваше платформа за […]

Студен туш од Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му е потребна помош од Украина во борбата против иранските беспилотни летала на Блискиот Исток. „Последната личност од која ни треба помош е Зеленски“, рече Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз. Трамп не потврди ниту негираше дали САД ја прифатиле помошта од Украина со технологијата за пресретнување беспилотни […]

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху


 Иранската војска се закани дека ќе го убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми. Полуофицијалната агенција Мехр објави дека Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопштила дека „ќе продолжи да го гони и ќе го убие со сила“. ИРГЦ, исто така, тврди дека во 52-от бран напади уништила цели во Израел и три американски бази […]

Прва победа за Антонели во Формула 1


Деветнаесетгодишниот Италијанец, Кими Антонели ја освои Големата награда на Кина. Возачот на Мерцедес, утрово во Шангај ја оствари својата прва победа во шампионатот во Формула 1. Неговиот колега од Мерцедес, Џорџ Расел заврши втор, додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон го освои третото место. Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри се откажаа од […]

Доларот зајакна втора недела по ред


На глобалните пазари, доларот зајакна во однос на кошничка валути минатата недела по втор пат по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток ги поттикна инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за капиталот. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, порасна за 1,6 проценти минатата недела, на […]

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс


Рускиот тенисер Данил Медведев ноќеска го победи Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на турнирот Индијан Велс. Мечот траеше 1 час и 38 минути игра и заврши со резултат 6:3 и 7:6 (7:3). Триесетгодишниот Русин (рангиран 11-ти во светот) сервираше четири аса, не направи двојна грешка и реализираше две од две брејк топки. Од друга страна, […]

Линц: Во напад со нож убиен пешак, вториот тешко повреден


Двајца пешаци вчера беа избодени со нож во австрискиот град Линц, при што едниот им подлегна на повредите, а вториот е тешко повреден, соопшти полицијата, пренесена од ДПА. Локалните власти соопштија дека осомничениот бил набрзо уапсен.  Мотивот засега останува нејасен, а полицијата во текот на денешниот ден планира да објави дополнителни детали за жртвите и […]

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел


Дваесет лица се уапсени во северозападен Иран поради обид за соработка со Израел, објави денеска агенцијата Тасним, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на покраинскиот обвинител на Западен Азербејџан. Тие се обвинети за испраќање информации до Израел за локациите на иранските воени и безбедносни средства. Израел започна нова фаза на напади врз Иран, гаѓајќи ги […]