Тој ден многу девојки умреа во пожар во Њујорк – вратата била заклучена


НА 25 март 1911 година, Гринич Вилиџ во Њујорк беше сведок на една од најсмртоносните индустриски несреќи во американската историја – пожарот во фабриката „Триангл Ширвејст“. Трагичниот настан, во кој загинаа 146 лица, повеќето од нив млади жени имигрантки, остави неизбришлив белег во американската историја и доведе до значајни реформи во законите за труд и […]

Државниот секретар во Италија поднесе оставка поради неговиот удел во ресторан поврзан со мафијата


Државниот секретар во италијанското Министерство за правда Андреа Делмастро поднесе оставка откако беше откриено дека имал удел во ресторан поврзан со мафијата. Неговото заминување е една од двете оставки вчера во владата на премиерката Џорџија Мелони, откако судската реформа беше отфрлена на референдумот. Делмастро, член на партијата „Браќа на Италија“, поседувал удел во римски ресторан […]

„Нинтендо“ планира нов „Свич 2“ со заменлива батерија за Европа


 Јапонската мултинационална компанија за видеоигри „Нинтендо“ (Nintendo) наводно подготвува нова верзија на својата рачна конзола „Свич 2“ (Switch 2) со батерија што корисникот ќе може да ја замени. Промената е во согласност со политиката на Европската Унија за „Правото на поправка“ од 2023 година, којашто се однесува на преносна електроника и бара лесна замена на батерии. Според истите правила, […]

Арсенал без Езе околу еден месец


Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, ќе биде надвор од терените следните четири до шест недели поради повреда, објави „Би-би-си“. Дваесет и седумгодишниот Англичанец заработи повреда на листот на ногата во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен.  Езе го пропушти финалето на англискиот Лига Куп против Манчестер Сити (0:2) и не е […]

ЕК ја обвини Словачка за дискриминација и за кршење на правото на ЕУ поради цените на дизелот


вропската комисија предупреди дека одлуката на словачката влада да воведе различни цени на дизел за возачи со словачки и странски таблички во период од 30 дена претставува дискриминација и е спротивно законите на Европска унија. Возачите со странски регистарски таблички во Словачка сега плаќаат во просек 1,83 евра за литар дизел, што е околу 20 […]

Ќе биде сослушан малолетниот убиeц во масакрот во училиштето „Рибникар“


Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар, а рани шест ученици и една наставничка, во основното училиште „Владислав Рибникар“. Таа постапка е затворена за јавноста, па затоа никој […]

Зверев последен четвртфиналист на турнирот Мајами


Германскиот тенисер Александар Зверев ноќеска го победи Французинот Квентин Алис во четвртото коло на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 46 минути и заврши со резултат 7:6 (7:4) и 7:6 (7:1). Зверев, четврти на светската ранг-листа, сервираше 16 аса, направи една двојна грешка и не успеа да реализира ниту еден од своите шест […]

Контрауслови од Техеран до Вашингтон: Иран бара отштета и крај на санкциите заради мир на Блискиот Исток


Иран одговори на американскиот мировен план од 15 точки со свои барања кои вклучуваат затворање на сите воени бази на САД на Блискиот Исток и наплата за премин низ Ормуската Теснина, објави Волстрит џурнал. Покрај затворањето на базите во регионот на Заливот, Техеран бара отштета за нападите врз земјата, гаранции дека војната нема повторно да […]

Денвер го победи Феникс на гости, Јокиќ оствари трипл-дабл


Денвер нагетс го победи Феникс санс со 125:123 рано утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим до триумфот. Србинот оствари трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 17 асистенции.  Во домашниот тим, се истакна Девин Букер со 22 поени, три скока и […]

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток


Министерството за одбрана на САД подготвува распоредување на околу 3.000 војници од 82-та воздушнодесантна дивизија на Блискиот Исток, јавија американски медиуми. Овие специјални сили се обучени за воздушнодесантни операции со употреба на падобрани. Според повеќе медиумски извештаи, повикувајќи се на неименувани американски претставници, планот предвидува испраќање околу 3.000 војници за поддршка на операции против Иран, […]

Европа може да снема гориво уште во април, вели шефот на „Шел“


  На Европа би можела да ѝ се закани недостиг на гориво уште следниот месец поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупреди шефот на „Шел“, Ваел Саван. Тој рече дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принудил делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да […]

Корисници од Центар и Шуто Оризари без струја


Корисниците од Центар и Шуто Оризари денеска во одреден период од денот ќе останат без електрична енергија, соопштија од ЕВН Македонија АД.  Во периодот од 8:30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Хусеин Бајрам“ во општина Центар. Во периодот од 10:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од […]

Данска по изборите: Левицата без мнозинство, центристите на Расмусен ќе ја кројат владата


 Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека е подготвена повторно да ја преземе функцијата претседател на Владата по вчерашните парламентарни избори на кои победи левиот блок, но не успеа да освои апсолутно мнозинство. – Повторно сум подготвена да ги преземам одговорностите како премиерка на Данска за следните четири години – изјави Фредериксен, чија партија ги забележа […]

САД му испратиле на Иран мировен план од 15 точки; Техеран негира преговори


Претседателот Доналд Трамп во вторникот изјави дека САД и Иран „моментално се во преговори“ и сугерираше дека Техеран сака да постигне мировен договор, дури и кога Исламската Република негираше дека е во директни разговори со Вашингтон. Трамп, зборувајќи во Овалната соба, рече дека одлучил да се повлече од својата неодамнешна закана за наредба за напади […]

Рубини загрижен заради инфлацијата и каматните стапки


Војната со Иран би можела да има сериозни импликации врз инфлацијата и каматните стапки, рече познатиот економист Нуриел Рубини. „Но, постојат три вида инфлација. Едниот е кога имате привремено зголемување на нивото на цените кое исчезнува. Вториот е кога има трајно зголемување на нивото на цените, но очекувањата за инфлација не се закотвени. И третиот […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ Драган Даутовски


Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите Драган Даутовски денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање. Предавањето на Даутовски е насловено „Топчестата глинена флејта од Македонија – праисториски музички инструмент“.  Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ. Во музичкиот дел од настанот ќе настапат […]

Промоција на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски


Романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски, објавен лани од „Бегемот“, ќе биде промовиран денеска во бистрото „Комедија“ во Скопје. -„Страв од чекорење“ се претставува како роман што го става времето во самиот центар на приказната, не само како околност, туку како физичка и суштинска категорија што дејствува како главен лик. Токму во тоа лежи […]

Саем на мебел од денеска до 29 март во салата „Борис Трајковски“


Од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“, годинава под слоганот „Инспирација за секој дом“. Изложувачите ќе претстават производи и најнови трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а  ќе има и нов сегмент, кој оваа година е во фокусот на саемот, […]

Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за пристап до информации пред матичната комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото […]

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан


Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот „пријател“, конзервативниот унгарски премиер националист Виктор Орбан, повикувајќи ги Унгарците да го поддржат на изборите закажани за идниот месец. „Унгарија: Одете да гласате за Виктор Орбан. Тој е вистински пријател, борец и победник, и има моја целосна и безусловна поддршка за повторниот избор за премиер […]