Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ


Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот.  -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (UCPM) со цел зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, прекугранична соработка […]

Промоција на Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК.


Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска свечено ќе биде промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на СвисЧам МК, амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. -Настанот претставува значаен чекор кон […]

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД


Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната  „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови  лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.  Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. -Во рамките на соработката со […]

Променливо облачно со сончеви периоди


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

„Меѓаши“ ќе го промовира документарниот филм „Гласна тишина“


Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска во Кинотеката на Македонија ќе го промовира краткиот документарен филм „Гласна тишина“, по повод 15 години од спроведувањето на програмата за мировно образование. -Документарниот филм ја прикажува трансформативната улога на програмата – од нејзините почетоци до денешните постигнувања, истакнувајќи ја важноста на мировното образование како алатка за градење […]

Германските амбасадори од регионот на средба со Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти тој преку објава на својот Фејсбук профил, во која наведува дека во фокусот на разговорот биле економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за реализација на […]

Македонската редакција на Радио Слободна Европа се затвора на 31 март


  Она што се очекуваше по доаѓањето на Доналд Трамп по втор пат во Белата куќа со македонската редакција на Радио Слободна Европа конечно и се остварува. Таа престанува да работи за една недела, на 31 март. Веста ја објави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. Заедно со македонскиот сервис на […]

Крај на една ера: Мохамед Салах го напушта Ливерпул


  Мохамед Салах официјално објави дека го напушта Ливерпул на крајот од сезоната. 33-годишниот Египќанец наговести за таков потег за време на сезоната во која се судри со тренерот Арне Слот, а сега тоа стана официјално. „За жал, дојде денот“, рече Салах во видео објавено на социјалните мрежи. „Ова е првиот дел од моето збогување, […]

Мистериозни трговци направија огромни зделки со нафта 15 минути пред Трамп да ги објави разговорите со Иран


  Весникот „Фајненшел тајмс“ објави невообичаена активност на трговците на пазарот на нафта 15 минути пред изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „продуктивни преговори“ со Иран, што последователно предизвика остар пад на цените на нафтата и пораст на берзанските индекси. На 23 март, помеѓу 6,49 и 6,50 часот наутро по њујоршко време, трговците склучија […]

Марта Кос ги повика земјите на ЕУ да најдат пат за нови членки, откако го отфрлија „обратното проширување“


  ЕУ треба да ги промени своите правила за да овозможи нов бран земји да се приклучат, изјави во вторникот еврокомесарката за проширување, Марта Кос, повикувајќи ги главните градови да ги презентираат своите планови откако ги отфрлија предлозите на Комисијата за поедноставување на процесот. Кос рече дека извршната власт на ЕУ веќе им претставила три […]

НАСА ќе гради база на Месечината


НАСА се откажува од плановите за поставување вселенска станица во лунарната орбита и наместо тоа ќе ги користи нејзините делови за изградба на база од 20 милијарди долари на површината на Месечината во следните седум години, изјави денеска нејзиниот нов шеф Џеред Ајзакмен. Ајзакмен, кој положи заклетва на својата нова улога во агенцијата во декември, […]

ИБНА: Милановиќ како лидер на членка на ЕУ изнесе една од најострите забелешки за проширувањето


Официјалната посета на претседателката на Северна Македонија Гордана Силјановска-Давкова на Хрватска и нејзините заеднички изјави со претседателот Зоран Милановиќ во Загреб, го обновија вниманието кон застојот на европскиот пат на Северна Македонија, како и кон растечкиот скептицизам околу тоа како Европската Унија го управува процесот на проширување во Западен Балкан, пишува ИБНА во анализата на […]

Последниот американски ултиматум до Украина: „Повлечете се од Донбас и ние ќе ви изградиме рај“


Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина да ги повлече своите воени сили од регионот Донецк, дел од кој Киев сè уште контролира. Доколку нема напредок во преговорите, Вашингтон би можел да се повлече од процесот и да се фокусира на воените операции во Иран, објавува „Украинска правда“, повикувајќи се на извори блиски до […]

Шведска ќе ја одзема дозволата за престој поради „лошо однесување“


Владата одлучи да поднесе закон до Законодавниот совет со кој ќе се предложат построги и појасни барања за однесување (vandel) при доделување дозволи за престој. Предлогот предлага воведување на таков услов, што значи дека повеќе дозволи за престој може да бидат одбиени или поништени поради недостатоци во начинот на живот и однесување отколку што е […]

Една од омилените фирми на власта го добила тендерот за забавниот парк


По повеќе од два месеци откако заврши јавниот повик на Град Скопје, избрана е фирма за  проектирање, набавка и монтажа на реквизити за забавен парк со партерно уредување и пропратни објекти. На Електронскиот систем за јавни набавки е објавено дека како најповолен понудувач е избрано Друштво за градежништво, трговија на големо и мало, увоз-извоз „Мастеф“ […]

Илир Мета останува во притвор, Специјалниот суд ja одби понудената кауција од 50 милиони лека


Специјалниот суд против корупција и организиран криминал го отфрли барањето на поранешниот албански претседател Илир Мета, кој побара домашен притвор и итно ослободување, нудејќи и кауција од 50 милиони леки (над 50 илјади евра). Мета, кој денеска го прославува 57-от роденден не присуствуваше на рочиштето, туку само неговиот адвокат Кујтим Чакрани. – Ги замолив судиите […]

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за гувернерот Славески


СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законски императивниот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески, се вели во соопштението од СДСМ. […]

Унгарски МОЛ доби „зелено светло“ од САД за НИС, рокот за преговори е продолжен до мај


Унгарската компанија МОЛ доби одобрение од американските власти да продолжи со преговорите за стекнување на мнозински удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави Блиц. МОЛ ќе го преземе уделот од 56,15% што моментално го држи руски „Гаспром“. Унгарската нафтена компанија МОЛ груп доби одобрение од американските власти да продолжи со преговорите за стекнување на мнозински […]

Казната за возење без билет во јавниот превоз во Солун и Атина се зголемува на 100 евра


Зголемување на казната за речиси 30 евра за оние кои не користат билет во јавниот превоз; построги казни за насилство врз контролори; општествено корисна работа за оние кои го вандализираат јавниот превоз; субвенции до 20.000 евра за електрични такси возила, се главните одредби од новиот закон на Министерството за транспорт на Грција што доцна синоќа […]

Блумберг: Иран ги прекина испораките на гас за Турција


Иран ги прекина испораките на природен гас за Турција по нападите на Израел врз полето Јужен Парс, објави онлајн изданието Биргун, повикувајќи се на Блумберг. Турција покрива 14 проценти од своите потреби за природен гас преку испораки од Иран. Сè уште не е јасно колку долго ќе биде прекинато снабдувањето со природен гас, но турските […]