Послаб земјотрес во Скопје


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 12 часот и 05 минути, беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2.7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, […]

УХМР со предупредување за утре: Врнежи, ветар и снежна покривка на планините


Утре ќе дува умерен со засилен, а на места повремено и силен ветар (над 60 км/ч) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во пекот наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20л/м2, а ќе има и услови за појава […]

СТОП за насилството – сцената зборува! – учениците од „Лазо Ангеловски“ против булингот


Денеска, пред претставници на МВР, општината, здруженија и коалиции кои се борат против насилството меѓу врсниците, во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа театарската претстава „СТОП за насилство – сцената зборува“. Учениците преку уметност испратија силна порака против насилството. „Особено сме горди на учениците коишто со својата креативност и ангажман покажаа дека младите се двигатели на […]

Квалитетот на воздухот се влошува: Ова се најзагадените градови и земји во светот


Квалитетот на воздухот низ целиот свет продолжува да се влошува, при што само мал процент од градовите се сметаат за безбедни за здравјето. Според најновиот Извештај за глобален квалитет на воздухот за 2025 година, објавен од швајцарската компанија за следење на загадувањето IQAir, само 14 проценти од градовите ширум светот ги исполнуваат препорачаните стандарди, што […]

Поранешен американски маринец му рече на Трамп: „Некој мора да облече униформа, а тоа си ти, Барон!“


Поранешниот гувернер на Минесота и одликуван ветеран од елитната единица Navy SEAL, Џеси Вентура, јавно го повика најмладиот син на американскиот претседател, Барон Трамп, да се приклучи на војската и со тоа да ја прекине долгата семејна традиција на избегнување на воена служба. „Направи нешто за што твојот татко нема патриотизам“, рече 74-годишниот Џеси Вентура […]

Демократ победи на специјалните избори во Флорида каде што живее Трамп


  Демократката Емили Грегори победи на специјалните избори во Флорида во вторникот, со што го презеде државниот законодавен округ каде што се наоѓа Мар-а-Лаго, имотот во Палм Бич, кој претседателот Доналд Трамп го смета за свое живеалиште. Претседателот го поддржа ривалот на Грегори, Џон Мејплс. Во објава на социјалните мрежи во понеделникот, тој ги повика […]

Бесплатни ехо прегледи на дојка за карпошанки


Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда (01.04.2026), организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст. Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за […]

Од кинески до нордиски дизајнери: 32. Fashion Weekend Skopje како активен учесник во глобалниот моден разговор


Триесет и две сезони подоцна, Fashion Weekend Skopje повеќе не е само моден календар. Тој е архитектура и структура што ја обликува сцената, ги поврзува индустриите и создава културен континуитет. Од 27 до 29 март 2026 година, 32-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. […]

Се расипа уште еден двокатен автобус, блокирана лента на булевар во Бутел


Крајната десна лента на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел утрово е непроодна оти се расипа уште еден двокатен автобус на ЈСП. Возачите во најголемиот утрински метеж беа принудени да го заобиколуваат расипаниот автобус кој стои во близина на автобуската постојка спроти поранешна Албанска амбасада. Двокатните автобуси за Скопје беа набавени во 2010 година, кога Министерството […]

Уапсен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино


Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „500“ во населба Марино, Општина Илинден, патничко возило KIA со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (21), удрило во пешакот О.М. (52), двајцата од Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По […]

Романија со амбициозен план за учество во обновата на Украина


Романија останува цврст партнер на Украина и има намера активно да учествува во програмите за нејзина обнова и реконструкција, изјави Михај Журка, шеф на кабинетот на романскиот премиер Илие Боложан. На конференцијата во Букурешт, организирана во партнерство со Светската банка, Журка истакна дека се подготвува конкретна визија за засилено учество на романските компании на украинскиот […]

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата


„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF  – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување […]

Војната може да заврши на два начина. И двата се екстремни, вели шефот на „БлекРок“


Ако цената на нафтата достигне 150 долари за барел, тоа ќе предизвика глобална рецесија, изјави за Би-Би-Си шефот на американскиот финансиски гигант БлекРок. Лари Финк, кој ја води најголемата светска фирма за управување со средства, предупреди дека високите цени на нафтата, поттикнати од Иран кој „останува закана“, ќе имаат „длабоки последици“ за глобалната економија. Во […]

Новата пролетна колекција на Primadonna Collection пристигна во Рамстор мол!


Primadonna, италијанскиот бренд кој неодамна пристигна во Рамстор мол, веќе стана омилена дестинација за сите љубители на софистицираниот дизајн. Пролетта е симбол на ново раѓање и будење на стилот, а овој бренд повторно докажува зошто е првиот избор на модерната жена. Новата колекција на обувки, чанти и аксесоари е веќе изложена во продажниот салон на […]

Повеќе од 12 тони отпад исчистени од депонија во Маџир Маало


Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на […]

Нафтата поевтини за повеќе од 4 отсто откако Трамп сигнализираше преговори со Иран


Цените на нафтата паднаа во среда откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Техеран „моментално се во преговори“ и посочи дека Иран е заинтересиран за постигнување мировен договор, и покрај тоа што Исламската Република негира какви било директни разговори со САД. Фјучерсите (термински договори, заб.) за сурова нафта Брент паднаа за 4,52% на […]

Во Германија, најниска стапка на инвестиции од обединувањето во 1990 година.


Минатата година, Германија ја забележа најниската стапка на нето инвестиции од обединувањето во 1990 година, бидејќи инвестициите од страна на бизнисите, државата и граѓаните не беа доволни за да се компензира амортизацијата на постојните средства. Според податоците од германското Министерство за економија и Федералниот завод за статистика (Дестатис), нето стапката на инвестиции во основни средства […]

(Видео) Драматични сцени од обид за грабеж крај Мостар: Напаѓачот извади пушка, а потоа започна тепачка


Надзорните камери снимија обид за грабеж што се случи во вторник околу 20 часот во населбата Залик во Мостар. Снимките од надзорните камери покажуваат маж во црна јакна како влегува во продавница. По кратко време, тој вади автоматска пушка од јакната. Продавaчката му застанала на патот, по што следела тепачка и тепачка за оружјето. Напаѓачот […]

Продолжува судењето за „Пулс“ – сведочат вработени во Општината


Со изведување на нови докази и сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. За денешното рочиште обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите вработени во Општина Кочани. Воедно, […]

Поднесено обвинение против три лица за кражба на кабли од кругот на „Железара“


По спроведена истражна постапка, скопското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против три лица кои како соизвршители на почетокот на март украле кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Како што информираат од Обвинителството, трите лица се товарат за кривичното дело тешка кражба, според член 236 став 4 во врска со став 1 од […]