Нова анкета во Унгарија: На Орбан ќе му треба чудо да победи на изборите


  Како што се доближува денот на изборите во Унгарија, 12 април, работите изгледа му одат сѐ полошо на премиерот Виктор Орбан. Анкетата што денеска ја објави независниот анкетар „Медијан“ покажува огромна предност на опозициската Тиса и нејзиниот лидер Петер Маѓар пред владејачката партија Фидес. Според анеката направена од 17 до 20 март објавена од […]

Во Ормутскиот теснец „заглавени“ околу 2.000 бродови и 20.000 морнари


Тековната ситуација во Ормуската Теснина се покажа како „прилично голем предизвик“ за глобалната бродска индустрија, изјави Арсенио Домингез, генерален секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО). – Имаме 20.000 морнари заглавени во Ормуската Теснина и околу 2.000 бродови кои не можат да испловат – изјави Домингез за „Ал џезира“. – Се разбира, колку подолго тие бродови […]

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција


Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епиценатрот на земјотрес бил во Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.

Филипче: Ние сме единствена земја во која со мерка на владата цената на горивата порасна


Една единствена мерка не е доволна за да има ограничување на растот на цените на горивата и храната, не поскапе само литар гориво и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма. Филипче нагласи дека СДСМ континуирано предупредуваше дека се потребни навремени мерки […]

Историска пресуда: Мета и Јутјуб се виновни по сите точки


Поротата во Вишиот суд на округот Лос Анџелес пресуди дека технолошките гиганти Мета и Јутјуб се одговорни по сите точки во случајот во кој се обвинети за намерно создавање зависност кај сега 20-годишна жена од Калифорнија, како и за оштетување на нејзиното ментално здравје. Ова е пресвртница што може да постави преседан за стотици слични […]

Трамп и Си ќе се сретнат во мај, соопшти Белата куќа


Долгоочекуваната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се одржи во Пекинг на 14 и 15 мај, соопшти Белата куќа во среда. Трамп и првата дама Меланија Трамп, исто така, ќе бидат домаќини на Си и Пенг Лијуан за „реципрочна посета“ на Вашингтон, на датум што ќе биде објавен подоцна оваа […]

Филипче: Иницијативите за моја смена се кафеански муабети


Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта. „Сакам јасно да […]

МОН покровител на конференција за Интернационализација на високото образование во Западен Балкан и ЈИЕ


Министерството за образование и наука на Македонија е покровител на Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, што ќе се одржи на 26 и 27 март во Скопје. Настанот е коорганизиран од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка и претставува дијалог на високо ниво кој […]

Метеоролозите советуваат САД да „одат на пауза“ со Иран: Торнада над Арабија


Со бурата што се движи низ Арапскиот Полуостров кон Ормускиот Теснец и Иран, метеоролозите предупредуваат на потенцијално нарушување на воздушниот, патниот и морскиот сообраќај и ги советуваат САД да „одржат пауза“ за време на конфликтот во Иран. Обилните дождови над Арапскиот Полуостров и Персискиот Залив предизвикаа рекордни врнежи од дожд во многу земји. Годишни количини […]

Град Скопје обезбеди еднократна парична помош за онколошките пациенти од главниот град


Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите. Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје […]

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош


 Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми. Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување. – Во нашето одделение се јавија 81 […]

Жените во Македонија повеќе магистрираат и докторираат од мажите


Се повеќе магистри, специјалисти и доктори на науки добива државата од година во година, а најголем дел од нив се жени. Последните податоци од Државниот завод за статистика, објавени денеска, велат дека лани магистрирале или специјализирале 1.855 граѓани, што е за половина процент повеќе од 2024 година (1.846 лица стекнале звање магистар или специјалист). Зголемувањето […]

По 15 години директорување на Марјан Цветковски, МРТ ќе добие ново раководство


Распишан е конкурс за избор на директор и заменик-директор на Македонската радио телевизија (МРТ). Огласот е објавен вчера. Според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на МРТ, директорот и заменик-директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор. „Кандидатите кои ќе се […]

(Видео) Пожар избувна во луксузен хотел во Париз, стотици се евакуирани


Околу 400 луѓе беа евакуирани откако избувна пожар во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија пожарникарите. Двајца вработени беа полесно повредени додека се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна во подрумската кујна на хотелот „Бристол“ утрово. Incendie dans l’hôtel Bristol à côté de l’Élysée, plusieurs centaines de personnes évacuées. pic.twitter.com/msdfWJKoow — CLPRESS / […]

Драган Даутовски стана дописен член на МАНУ: Пригодна реч на академик Влада Урошевиќ


Познатиот етномузичар, композитор и педагог, музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти, Драган Даутовски (1957, Русиново) е избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), на членови надвор од работниот состав и […]

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си


Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си. Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за Европа, Блискиот Исток […]

Просечната кирија за студентска соба во Германија достигна рекордни 512 евра


Просечната месечна кирија за студентска соба во заеднички стан во Германија достигна рекордни 512 евра, што е зголемување од околу четири проценти во споредба со минатата година, според истражување објавено денес од Институтот Мозес Менделсон. Институтот анализирал податоци од сите 89 универзитетски локации во Германија со повеќе од 5.000 студенти. Највисоките цени се евидентирани во […]

Во Србија приведен македонски возач на камион кој усмртил пешак кај Грделица, па избегал


Државјанин на Северна Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац. Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето […]

Забрчанец го оцени Славески како нервозен партиски инфлуенсер


  Гувернер на Народна банка мора да биде фигура на доверба, стабилност и интегритет, а не партиски првоборец во костум на независен регулатор. Скандалот со незаконското кочење на изборот на вицегувернери, отворената кавга со новинар и префрлањето вина на сите други, дополнително ја разголуваат неспособноста на Славески да ја носи тежината на функцијата со институционална […]

Во општинскиот регистар дискотеката „Пулс“ не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“


Во општинскиот даночен регистар на Кочани дискотеката „Пулс“ не фигурирала како правно лице, туку обврските за лиценца и за фирмарина ги намирувале правните субјекти „Класик ДМ“ и „ММММ“. Ова го истакна Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансиски прашања, на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Одговарајќи на прашања на Јавното обвинителство, Рашков […]