Мбапе негира дека му третирале погрешно колено


Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги негираше извештаите дека медицинскиот персонал на клубот по грешка го третирал здравото колено. Новинар од францускиот „RMC Sport“, пред два дена објави дека во декември 2025 година, Реал Мадрид не успеал да открие делумно кинење на лигаментите на левото колено на играчот, бидејќи наместо тоа го скенирале неговото […]

„Волстрит џурнал“: Арагчи и Калибаф привремено тргнати од „списокот за ликвидација“


САД и Израел привремено ги тргнале од списокот за ликвидација иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на Парламентот Мохамед Бакер Калибаф. Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, пишува дека одлуката била донесена во рамки на напорите за започнување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран. Според изворите на […]

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија спроти избори


  Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се очекува на 7 и 8 април да ја посети Унгарија, спроти парламентарните избори во земјата, закажани за 12 април. Посетата на Венс се смета како знак на поддршка за Виктор Орбан за изборите, за кои аналитичари ценат дека ќе бидат најголем предизвик за премиерот Орбан од неговото стапување […]

Стармер одобри запленување на руските танкери од „флотата во сенка“


Британските специјалци ќе можат да се качуваат и да ги запираат бродовите од руската „флота во сенка“ додека минуваат низ водите на Обединетото Кралство, најави премиерот Кир Стармер, пренесува ДПА. Стармер изјави дека Велика Британија ќе им се придружи на северноевропските сојузници во пресретнувањето на танкерите, во обид уште посилно да се справат со бродовите […]

Вечерва Македонија против Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026


Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. -Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е […]

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал, случајот Престијани уште се разгледува


 Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Бенфика со вкупно 73.000 евра за несоодветно однесување на навивачите на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Португалскиот тим беше казнет со 40.000 евра поради расистичкото и дискриминаторско однесување на некои навивачи за време на натпреварот што Реал го доби со 1:0 во Лисабон […]

Без струја делови од Кисела Вода и Карпош


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од Пинтија, дел од ул. Саса, а од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.Востаничка од број 44 до 49 во Општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и […]

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш


Најмалку 24 лица загинаа откако патнички автобус со околу 40 патници се урна во реката Падма додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш, соопштија денеска официјални лица. Несреќата се случи вчера кога автобусот ја изгуби контролата додека се приближуваше до ферибот во Даулатдија во округот Раџбари, околу 100 километри од Дака. Автобусот […]

Четворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите


Четворица мажи се убиени синоќа во американски воен напад врз брод со осомничени трговци со дрога во Карипското Море, соопшти американската армија. Американската Јужна команда (SOUTHCOM) соопшти дека „четворица машки нарко-терористи“ загинале во „смртоносен кинетички напад“ врз брод за кој САД тврдат дека се движел по познати рути за шверц на дрога и бил вклучен […]

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS). Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, […]

Регионален форум за инклузија на маргинализираните жени во Скопје


Регионален форум „Платформа за вклучување на маргинализираните жени во општеството и зајакнување на соработката“ ќе се одржи денеска во Скопје. Форумот, кој е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, има за цел да поттикне суштински дијалог меѓу институциите, граѓанските организации и маргинализираните заедници за подобрување на заштитата од дискриминација. Ќе бидат презентирани клучните […]

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања


Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.  Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на […]

Германија и Австралија ги продлабочуваат воените врски, планираат систем за предупредување од вселената


Германија и Австралија се согласија да ја продлабочат воената соработка како одговор на еволуирачките безбедносни закани, вклучително и плановите за развој на систем за рано предупредување базиран на вселената, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Писториус и неговиот австралиски колега Ричард Марлес, исто така, се согласија да работат на договор за статус на […]

Во Париз состанок на министрите за надворешни работи на државите од Г7


Министрите за надворешни работи на седумте најразвиени индустриски држави (Г7) денеска се среќаваат во Франција на дводневни разговори во услови на засилени геополитички тензии. Средбата се одржува во поранешна опатија во Сернеј-ла-Вил, во близина на Париз, а се очекува првично да се разговара за можни реформи во мировните мисии и хуманитарната помош. На агендата се […]

„Рапсодија“ – концерт на Македонската филхармонија


 „Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечер, на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 […]

Македонското трио „30 прсти“ со концерт во Истанбул


 Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на македонското пијано трио „30 прсти“, кој ќе се одржи денеска во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул. Триото „30 прсти“, составено од пијанистите Марија Вршкова, Весна Ангелова Христов и Петар Макариевски, е прв и единствен состав од ваков тип во Македонија. Триото е основано […]

Австриска вечер на камерна музика во Македонската опера и балет


Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечер во фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика. -Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност. […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје ќе биде […]

Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем


  Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави Бугарското национално радио. Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во […]

Егзекуторот на Мадуро, кој ги водеше коморите за мачење, стана министер за одбрана на Венецуела


  Густаво Гонзалез Лопез, кој раководеше со комори за тортура и шпионска мрежа, е назначен за министер за одбрана на Венецуела, објавува „Фајненшел тајмс“. Гонзалез Лопез е под санкции од САД, ЕУ и Велика Британија, меѓу другите, а ОН утврди дека тој значително придонел за кршењата на човековите права во Венецуела, вклучително и злосторства против […]