ИТ компанија ја затвора својата канцеларија во Белград: Целиот тим гејмери ​​ќе биде отпуштен


Американската компанија за игри Playstudios ја затвори својата канцеларија во Белград. Сања Жугиќ, која го водеше Playstudios Europe во Белград, го објави ова на LinkedIn, пишува „Блиц“. Ова е второ затворање на канцеларијата на ИТ компанија во Белград во последниот месец. „Жал ми е што морам да ја споделам веста дека Playstudios ја затвора својата […]

Бившиот шеф на британските шпиони: „Иран одигра многу добро со лоши карти“


  Тензиите меѓу САД и Иран предизвикаа нови проценки од страна на безбедносните експерти за рамнотежата на моќта и потенцијалните последици од конфликтот. Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба MИ6, Алекс Јангер, во интервју за „Економист“ предупреди за пошироките безбедносни импликации за Западот, вклучително и потребата Обединетото Кралство посериозно да ја сфати својата одбрана. Јангер […]

Општините немаат документи усогласени со националната антикорупциска рамка


Општините немаат документи усогласени со националната антикорупциска рамка. Во повеќето статути не се содржани одредби за јавна отчетност, пристап до информации, судир на интереси и етички стандарди. Мал број општини имаат кодекси на етика, а во голем дел недостасува обврска за објавување на одлуките, седниците и записниците од советите и комисиите. Овие пропусти ја ограничуваат […]

Саудиска Арабија и Емиратите бараат од Трамп да ја продолжи војната со Иран


  Арапските држави од Заливот се загрижени поради намерата на Доналд Трамп да склучи договор за прекин на војната со Иран, што би ги оставило во регионот со огорчен и сè уште моќен противник, и инсистираат на продолжување на воените дејствија, изјавија за „Волстрит џурнал“ луѓе запознаени со нивната позиција. Во меѓувреме, Турција започна активни […]

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд


  Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред.   Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа […]

Пронајден скелет на познат мускетар? ДНК примерок испратен на анализа


Во црква во холандскиот град Мастрихт е пронајден скелет, за кој се верува дека му припаѓа на францускиот мускетар Шарл де Батс де Кастелмор д’Артањан, чии останки биле непознати со векови. Тој мускетар бил грофот од Артањан и близок соработник на францускиот крал Луј XIV, објави NOS. Како водач на Кралските мускетари – елитна единица […]

Хорор во Италија: Осмоодделенец избоде наставничка со нож


57-годишна наставничка е однесена во болница во Бергамо во тешка состојба откако наводно била нападната со нож од 13-годишен ученик пред основно училиште во Трескоре Балнеарио. Според карабинерите, ученичкот од осмо одделение веднаш бил уапсен, а инцидентот е оценет како изолиран случај кој нема врска со тероризам. Повредената наставничка е итно префрлена со хеликоптер во […]

Синот на Кристијано Роналдо ќе стане нов играч на Реал Мадрид?


Иднината на Кристијано Роналдо Јуниор повторно би можела да биде поврзана со Реал Мадрид. Најстариот син на Кристијано Роналдо тренираше со младинскиот тим на мадридскиот клуб во вторник, што сугерира дека би можел да се приклучи во наредните денови. 15-годишниот напаѓач работи со тимот Кадет А и е тестиран како крилен играч. Идејата е тој […]

Сопругата на премиерот на самит во Вашингтон што го организира Меланија Трамп


  Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании, соопшти Владата.   Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата […]

Момчето убиец од „Рибникар“ почна да ги менува одговорите


Момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ денес заврши со давањето на своето сведочење на повторното судење на неговите родители Милјана и Владимир Кецмановиќ, медиумите објавија дека тој денес ги прилагодил одговорите за да им користи на своите родители. „Блиц“ наведува дека К.К. сведочел на суд цели 5 часа, а овој пат ја бранел својата […]

Нов сој на птичји грип се појави во Европа: Пациент хоспитализиран


Првиот случај на нов сој на птичји грип (H9N2) кај луѓе е регистриран во Италија кај лице кое било заразено надвор од континентот, а во моментов е хоспитализирано и во изолација, објавија денес италијанските власти. Италијанското Министерство за здравство објави дека во моментов нема причина за загриженост и дека ситуацијата континуирано се следи, објавува „Кориере […]

Министерот за нетранспарентност, Муцунски, на разговори во Полска


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од Брисел отпатувал во Полска на покана на полскиот шеф на дипломатијата Радослав Шикорски. Тоа го објави со соопштение кое во континуитет го праќа откако е министер –  само ги менува имињата на соговорниците и на државите. Откако во Брисел имаше бројни средби и никој не знае што навистина […]

ЕК предлага да почнат да се полнат резервоарите со гас за следната зима


Европската комисија, поради нестабилноста на пазарот предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, ги повика земјите членки да ја почнат сезоната на полнење на складиштата за гас на координиран и навремен начин и да се подготват за следната зима. – Навремените и координирани подготовки се од суштинско значење за да се обезбеди правилно полнење на складиштата […]

Ветерниот парк на „Алказар“ ќе се гради по Велигден, иако дел од опозицијата не го сакала, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека долгонајавуваната инвестиција во земјава, ветерниот парк на „Алказар enerxi“, конечно ќе почне со рализација по Велигден, иако дел од опозицијата не сакала проектот да успее. Оваа инвестиција беше првата која што ја најави Мицкоски по преземањето на функцијата премиер во новата влада, а беше официјално промовирана уште на 25 […]

Бујар Османи ги набрoја достигнувањата на власта за еден ден


  Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи објави листа на достигнувања на власта за еден ден, со порака зар ова не прави да експлодирате! „Само за еден ден: 1. Владата ја намали раководната структура во МВР за 38%, директно погодувајќи позиции каде што Албанците имаа застапеност и влијание на клучни нивоа. 2. Документите покажуваат […]

„Важна е културата“ – Халкбанка АД Скопје главен годишен партнер на МНТ


Халкбанка АД Скопје ќе биде главен годишен партнер на Македонскиот народен театар. Договорот за годишно покровителство, со мото „Важна е културата”, денеска во МНТ го потпишаа Фатих Шахбаз, главен извршен диектор на Халкбанка АД Скопје, и Никола Кимовски, генерален директор на Македонскиот народен театар. Покрај директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, соработката предвидува и […]

Наместо да одговори на прашање, Славески го нападна и омаловажи новинарот на Канал 5, оценува ЗНМ


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираат на односот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кон новинарот на ТВ Канал 5, кој на вчерашниот јавен настан наменет за медиумите, наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, избра потценувачки и дисквалификувачки однос […]

Пролетната сеидба во криза по големите поскапувања на нафтата и ѓубривата


  БИТОЛА – Пролетната сеидба влегува во криза, бидејќи по поскапувањето на нафтата, поскапеа и ѓубривата и сточната храна. Тоа значително им ја отежнува работата на македонските земјоделци и сточари кои сами произведуваат храна за добитокот. Од ден на ден ситуацијата се влошува, а засега нема кризни мерки од Владата иако во држави на Балканот […]

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката


Актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во врска со интеграцијата со европскиот енергетски пазар беа тема на дискусија на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник […]

Израел напаѓа медицински лица во Либан – убиени над четириесетина


Насилството продолжува да зема голем данок во Либан, каде што 42 болничари се наводно убиени од почетокот на март поради ескалацијата на израелските напади. Во најновиот инцидент, двајца болничари ги загубија животите кога нивниот мотоцикл беше удрен додека беа на должност. Тие беа во униформа и возеа јасно обележано возило опремено со предупредувачки светла, според […]