Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт


Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина. -Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани […]

Дел од возилата на ЈСП ќе сообраќаат со изменет режим поради „Скопскиот маратон“


Дел од возилата од јавниот превоз денеска од 7 до 13.30 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б […]

Облачно со слаб дожд наутро, остатокот од денот сончево


 Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала […]

Престана да истекува гасот од „Северен тек 2“


  Данската агенција за енергетика објави дека природниот гас престанал да истекува од еден од двата оштетени гасоводи во Балтичкото Море. Агенцијата на Твитер објави дека компанијата која управува со гасоводот „Северен тек 2“ ја информирала дека притисокот во гасоводот што тече од Русија до Германија се чини дека е стабилизиран. „Ова укажува дека истекувањето […]

Сите американски амбасадори биле разочарани од Вучиќ


  Амбасадорката Џенифер Браш, поранешен заменик-шеф на мисијата и вршител на работите во американската амбасада во Белград од 2007 до 2010 година, смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ не успеал да стане трансформативен лидер. Во разговорот за српската редакција на Глас на Америка, Браш вели: „Амбасадорите наизменично се обидуваа да разговараат со Вучиќ и се […]

Џими Картер наполни 98 години


  Џими Картер, веќе најдолговечниот американски претседател во историјата, ќе го прослави својот 98 роденден во сабота со семејството и пријателите во Плејнс, малиот град во Џорџија каде што тој и неговата сопруга, 95-годишната Розалин, се родени во годините меѓу Првата светска војна и Големата депресија. Последната пресвртница на 39. претседател доаѓа кога Центарот Картер, […]

По две години студентите се враќаат во амфитеатрите


Почетокот на новата студиска 2022/2023 година на Универзитетот „Св. Кир ил и Методиј“-Скопје вечерва беше одбележан на Машинскиот факултет со прв академски час кој, првпат по две години, се одржа со физичко присуство. „По две години пауза поради КОВИД-пандемијата, физички се собравме на свечен час за новата генерација на УКИМ. Ниту една дигитална алатка и […]

Со Фејсбук на Фејсбук: Битиќи му одговори на Мицкоски – нема потреба од разговор во четири очи


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку Фејсбук одговори на поканата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавена исто на Фејсбук, утре да се сретнеле во седиштето на партијата да разговараат за енергетската криза и – го одби. „Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и […]

Лула или Болсонаро: Бразил излегува на избори како длабоко поделена нација


  РИО ДЕ ЖАНЕИРО –  Во изминатата деценија, Бразил оди од една криза во друга: уништување на животната средина, економска рецесија, претседател отповикан, двајца претседатели затворени и пандемија која уби повеќе луѓе отколку на кое било друго место надвор од Соединетите Држави. В недела, Бразилците ќе го дадат својот глас за нивниот следен претседател, надевајќи […]

Нов руски напад на цивилен конвој, 24 загинати меѓу кои 13 деца


  Телата на 24 цивили, меѓу кои и 13 деца и бремена жена, беа пронајдени по руското гранатирање на конвој автомобили во близина на градот Купијанск во источна Украина, соопшти во саботата регионалното обвинителство во Харков. „Според податоците на истражителите, автомобилите биле погодени од руската армија на 25 септември, кога цивили се обидувале да се […]

Москва го призна поразот кај Лиман и ги повлече војниците


  Откако беа опколени од украинските сили, Русија во саботата ги повлече војниците од источниот украински град што го користеше како логистички центар на фронтот. Тоа е последната победа за украинската контраофанзива која го понижи и налути Кремљ. Повлекувањето на Русија од Лиман го комплицира нејзиниот меѓународно оцрнет потег за анексија на четири региони на […]

Пендаровски во Софија се сретна одделно со Радев


  Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска во Софија освен тројната средба со Румен Радев и Урсула фон дер Лајен имаше и одделни разговори со бугарскиот претседател. Тоа е прва ваква средба по заедничкото патување во Рим за чествувањето на Св. Кирил и Методиј во мај 2021 година.  Според соопштението од кабинетот на Пендаровски на средбата […]

Русите признаваат дека украинските сили влегле во клучниот град Лиман


  Во последните половина час, неколку руски воени коментатори објавуваат пораки на нивните канали на Телеграм во кои се вели дека украинската армија или „веќе го освоила или, барем, влегла во Лајман“. Претходно утрово на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како украинските војници го креваат украинското знаме на влезот на Лиман. […]

Скопскиот маратон ќе измести сообраќајот в недела


Поради трките од утрешниот „Скопски маратон 2022“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот, при што сообраќајот утре ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР. Почетокот на трките е најавен во 07.30 часот, со следните траси на движење: Траса […]

„Гаспром“ ги прекина сите испораки на гас за Италија


„ Италијанската мултинационална компанија за нафта и гас „Ени“ соопшти дека рускиот енергетски гигант ја информирал дека „не е во можност да ги потврди количините на гас што се бараат за денес, наведувајќи дека не е можно да се снабдува гас преку Австрија. Затоа, денешните испораки на руски гас до ‘Ени‘ преку влезната точка на […]

Ураганот „Ијан“ направи штета во Флорида од десетици милијарди долари


  Флорида, Северна и Јужна Каролина денеска се обидуваа да се опорават од уништувањето предизвикано од ураганот „Ијан“, откако една од најмоќните бури што некогаш го погодила континенталниот дел на САД предизвика штета од десетици милијарди долари и смрт на повеќе од 20 луѓе. „Ијан“ слабее, но сепак се прогнозира дека ќе создаде неизвесност во […]

Мицкоски преку Фејсбук го кани Фатмир Битиќи на средба во ВМРО-ДПМНЕ


  Откако премиерот Димитар Ковачевски ја одби понудата на лидерот на опозицијата за средба околу енергетската криза, деннеска Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук го покани вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи,  на средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза […]

Грковска: Прашањето за родовата еднаквост не е прашање само на жените


  За уривањето на стереотипите треба време и многу труд и затоа во текот на мојата политичка кариера силно сум се залагала за воведување и унапредување на квотата за родова еднаквост во политиката, мерка на која гледам како можност квалитетот на жените да дојде до израз, оцени вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска, […]

Заедничка средба на Пендаровски, Фон дер Лајен и Радев


  На маргините на официјалното пуштање на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија, денеска во Софија се одржа заедничка средба меѓу претседателот Стево Пендаровски, претседателксата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и бугарскиот претседател Румен Радев. Од кабинетот на Пендаровски кусо соопштија дека на неа се разговарало за текот на европските интеграции на […]

Македонија и Србија побараа помош од ЕУ за да ја поминат зимата


  Претседателите на Србија и Македонија го искористија присуството на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Софија на официјално пуштање на интеконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија за да побараат поголема помош од ЕУ за да ја поминат зимата. „Новиот интерконектор стартува во многу важен момент од претстојната зима, растечката […]