Заедничка средба на Пендаровски, Фон дер Лајен и Радев


 

На маргините на официјалното пуштање на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија, денеска во Софија се одржа заедничка средба меѓу претседателот Стево Пендаровски, претседателксата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и бугарскиот претседател Румен Радев.

Од кабинетот на Пендаровски кусо соопштија дека на неа се разговарало за текот на европските интеграции на Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.

Пендаровски и на оваа средба, како и во официјалното обраќање, посочил дека Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза и ја истакнал важноста од  меѓусебна поддршка за јакнење на регионалната енергетска безбедност.