Со Фејсбук на Фејсбук: Битиќи му одговори на Мицкоски – нема потреба од разговор во четири очи


Фото: Б. Грданоски

 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку Фејсбук одговори на поканата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавена исто на Фејсбук, утре да се сретнеле во седиштето на партијата да разговараат за енергетската криза и – го одби.

„Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и конструктивен за време на корона кризата. За жал, опозицијата таа шанса за покажување на дело грижа и совесност не ги покажа, напротив не се одважи да дојде па започна со блокада, па активна блокада на Собранието. Граѓаните знаат дека јавно веќе речиситри години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата“, напиша на Фејсбук Битиќи.

Еве, посочува Битиќи, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на Велејќи дека вратите се отворени и дека сите треба да седнат заедби, Битиќи нагласува: 

„Нема потреба од разговор во четири очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарноста, одговорноста и колективната мудрост е она што ќе нѐ изнесе низ неа“, напиша Битиќи.

Објавата на Битиќи на неговиот фејсбук-профил следува по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на Фејсбук го покани вицепремиерот за економски прашања утре да дојде на состанок во 12 часот во седиштето на неговата партија, со цел, како што вели, детално да му го објасни неговиот планот и концептот, кои „ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“.