Лебот ќе поскапи, најавуваат мелничарите


  До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти, најавуваат мелничарите. Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата. Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така би се смирила ситуацијата и […]

Гасниот интерконектор значи слобода, изјави Урсула фон дер Лајен


  Гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија значи слобода од руската зависност, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на церемонијата на официјалното започнување на комерцијалните операции на врската во Софија. Според неа, проектот е нова ера за Бугарија и за Југоисточна Европа, бидејќи ќе овозможи проток на гас од други извори освен […]

Русија го киднапирала шефот на нуклеарната централа Запорожје


  Украинскиот снабдувач на нуклеарна енергија ја обвини Русија во саботата дека го „киднапирала“ шефот на најголемата европска нуклеарна централа, објект кој сега е окупиран од руски војници и се наоѓа во регион на Украина, кој рускиот претседател Владимир Путин илегално го анектира. Руските сили го грабнаа генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Ихор Мурашов […]

САД ќе дадат 78 милиони долари поддршка за македонската армија


  Партнерството меѓу  Македонија и САД не значи само политичка поддршка, значи и соработка и поддршка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со американската сојузничката поддршка во износ од 78 милиони долари, наменета за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата. […]

Промените се можни на изборите во Босна и Херцеговина


  Граѓаните на БиХ излегуваат утре на избори. „Се разбира, како и обично во Сараево, се кажуваат и шеги за изборите. Како е можно повеќе луѓе да гласаат отколку што земјата има жители, прашуваат многумина. Сепак, тајната е лесно да се реши. Затоа што повеќе од еден милион жители живеат во странство. А тие, ако […]

Повеќе гневен таксист отколку шеф на држава: Анализа на „Гардијан“ на говорот на Путин


  Осум и пол години откако Владимир Путин ја објави анексијата на Крим, тој ги собра елитите на Русија во салата „Свети Ѓорѓи“ во Кремљ на уште една церемонија на грабеж: овој пат полагајќи право на уште четири украински региони. На формалностите на анексијата им претходеше лут, нескладен говор кој само накратко се осврна или […]

Убиен висок командант на платениците од групата „Вагнер“


  Убиени се уште две високи руски воени и разузнавачки фигури во Украина. Првиот, Алексеј Нагин, беше многу почитуван командант во озлогласената група „Вагнер“ – приватна армија на чело со блискиот сојузник на Путин, Евгениј Пригожин – која беше клучна во поддршката на руската инвазија. Нагин, трикратен добитник на Орден за храброст, беше убиен на […]

Втор државен удар за една година во Буркина Фасо


  Членовите на армијата на Буркина Фасо ја презедоа контролата врз државната телевизија, изјавувајќи дека го собориле воениот лидер Пол-Анри Дамиба, ја распуштиле владата и ги суспендирале уставот и преодната повелба. Во изјавата прочитана на националната телевизија доцна во петокот, капетанот Ибрахим Траоре рече дека група офицери одлучиле да го отстранат Дамиба поради неговата неспособност […]

Продолжена кризната состојба во енергетиката


  Собранието вчера ја продолжи кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата и во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје. заклучно со 30 април идната година. На вчерашното продолжение од 86-та собраниска седница со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласано продолжувањето […]